Tesla потклекна: Ќе стави Apple CarPlay во своите автомобили

Tesla наводно работи на воведување на Apple CarPlay, откако со години одбиваше да го направи системот достапен за своите клиенти.

Компанијата со години го промовираше својот софтвер, тврдејќи дека нуди подобро искуство, но нов текст на Bloomberg вели дека Tesla започнала со тестирање на опцијата CarPlay и дека можно е наскоро да ја воведе во своите модели.

Очигледно, CarPlay би работел во посебен прозорец во главниот екран, со карактеристичниот пристап на Tesla.

Според моменталните информации, Tesla не го тестира CarPlay Ultra кој ги презема сите екрани во возилото. Досега, тој систем е имплементиран побавно од очекуваното, а некои производители дури и се откажале од него. Aston Martin беше првиот што го инсталираше, додека Tesla се чини дека се стреми кон стандардна верзија.

Ова би бил голем пресврт, бидејќи Tesla со години одбиваше да ги пресликува екраните на телефоните. Сепак, конкуренцијата е посилна од кога било, а клиентите сè уште бараат CarPlay.

Tesla не е едиснтвената што не го нуди - Rivian нема планови да го воведе, а General Motors активно го отстранува CarPlay од своите нови модели. Доколку извештајот се покаже како вистинит и Tesla навистина го воведе CarPlay, тоа би било значително подобрување за клиентите и голем чекор кон поголема слобода на избор. Тоа е функција што многумина ја сметаат за задолжителна, а некои клиенти дури одбиваат да купат модели без неа.

Тагови
реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Авто новости

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Read more

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Read more

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Read more

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Read more
 

Автомобили

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Читај повеќе
  • filter

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Читај повеќе

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi EV ја надмина целта за 2025 година: Производните ленти „летаат“

Читај повеќе

ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Читај повеќе

Кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе

Дали зрачењето во електричните автомобили е опасно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги одмрзнете прозорците на автомобилот без да ги оштетите?

Читај повеќе