Tesla се пофали со „новиот“ Cybertruck: Што (не) добивате?

Додека хаосот околу царините и падот на продажбата на електрични возила ја тресат индустријата, Tesla најави нов модел Cybertruck.

Станува збор за верзијата Long Range со еден мотор, која сега станува основна варијанта во понудата.

Но, иако се работи за „основен модел“, цената не го сугерира истото: со вклучени трошоци за испорака, моделот чини 71.985 долари (околу 67.000 евра).

За таа цена, го добивате Cybertruck со најдолг досег во понудата, околу 563 километри со едно полнење. Тоа е за околу 40 километри повеќе од верзијата со погон на сите тркала (AWD), која е поскапа за 10.000 долари.

Единечниот мотор ја придвижува задната оска, и иако Tesla не ја наведува точната моќност, тврди дека возилото забрзува до 60 mph за 6,2 секунди. Во стандардната опрема е вклучена и блокадата на задниот диференцијал за подобра тракција.

Внатрешноста има седишта од ткаенина, кои се загреваат, но не се вентилираат. Аудио системот е намален на седум звучници, во споредба со 15 во поскапите верзии. Тркалата се 18 инчни, а електричниот капак на багажникот веќе не е вклучен.

Отстранети се и бројни приклучоци од 120 волти, но Tesla нуди адаптер кој дозволува два излеза преку приклучокот за полнење.

Наместо адаптивна воздушна суспензија, основниот Cybertruck користи адаптивни пружини, што значи дека висината на возилото не може да се прилагоди. Пакетот доаѓа со стандардна влечна лента, но максималниот капацитет на влечење сега е 3400 кг, што сепак е доволно за влечење камп приколки или чамци. Капацитетот на товарот е 910 кг, додека верзијата AWD може да носи 1134 кг.

Според достапните информации, моделот сè уште има steer-by-wire, со можност за вртење и на предните и на задните тркала.

Клиентите може да се одлучат за тркала од 20 инчи, иако тоа го намалува досегот. Tesla наведува дека меката покривка за товарниот простор може да го зголеми досегот до 582 км кога се користи со помали тркала.

Опцијата Full Self Driving е достапна за 8.000 долари, а додатоците како покриц за заштита од сонце, складирање под седиштата или теписон се нудат за помалку од 300 долари по додаток.

Цената на Ford F-150 Lightning започнува од 65.190 долари, со двоен мотор.

Електричниот Chevrolet Silverado е достапен во основната верзија со еден мотор со 2WT за 57.095 долари.

Цената на електричниот Rivian R1T започнува од 71.900 долари, исто така со двоен мотор и моќност од 533 КС.

Според официјалната веб-страница на Tesla, основниот Cybertruck ќе биде достапен помеѓу јуни и јули оваа година.

Тагови
реклама

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Откриено зошто Јута Лердам го откопчува тркачкото одело откако ќе ја мине целта

Read more

Авто новости

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Истражувањето разгоре дебата: Дали модерните дизелаши навистина се „позелени“ од електрашите?

Read more

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Претпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Read more
 

Автомобили

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Читај повеќе

Истражувањето разгоре дебата: Дали модерните дизелаши навистина се „позелени“ од електрашите?

Читај повеќе

Старт-стоп системите стануваат минато

Читај повеќе
  • filter

Претпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Читај повеќе

Нова ера на купување половни возила во ЕУ: Сите ќе добиваат специјални налепници

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто судирите при мала брзина се поопасни? 

Читај повеќе

Брзо или бавно полнење на електричните возила? Драматична разлика во здравјето на батериите

Читај повеќе
  • filter

Новото електрично Twingo во Германија стартува од 13.990 евра

Читај повеќе

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Читај повеќе