Uber се здружи со Кинезите: Носат роботакси во Европа

Uber објави стратешко партнерство со три кинески стартапи вклучени во автономното возење, Pony.ai, Momenta и WeRide, за да ја воведат нивната технологија на својата платформа и да ја пласираат на меѓународните пазари. Фокусот на соработката ќе биде на европските земји и Блискиот Исток, додека Кина и САД ќе бидат исклучени од проектот.

Првото воведување на технологијата на Momenta во роботаксито на Uber се очекува на почетокот на 2026 година во Европа. Во првата фаза од работењето, возилата ќе ги користат безбедносните оператори. Uber го објави партнерството со Momenta на 2 мај, објавува CarNewsChina.

„Оваа соработка им овозможува на повеќе корисници ширум светот пристап до прифатлива автономна мобилност“, рече Дара Косровшахи, извршен директор на Uber.

Momenta е кинески стартап основан во септември 2016 година, а меѓу неговите инвеститори се SAIC Motor, General Motors и Toyota. Компанијата испорачува софтвер за самостојно возење на премиум брендот IM на SAIC од 2021 година.

Pony.ai е најновата компанија што се придружи на Uber, најавувајќи дека првите роботски такси-возила напојувани со нивната технологија ќе бидат во употреба на Блискиот Исток до крајот на годината. Првично, корисниците ќе можат да избираат помеѓу возење со човечки возач или автономно возило со оператор во возилото.

„Партнерството со Uber ја забрзува нашата заедничка мисија: да ја направиме автономната мобилност реалност“, рече Џејмс Пенг, извршен директор на Pony.ai. „Започнуваме на Блискиот Исток, а потоа се прошируваме на други пазари.“

„Партнерството со Pony.ai е уште еден чекор кон глобалното воведување на автономната мобилност“, рече Хосровшахи.

Pony.ai е основана во декември 2016 година од Џејмс Пенг и Тианченг Лу, поранешни инженери во Baidu. Седиштето му е во Гуангжу и поседува лиценци за автономни транспортни услуги во Пекинг и Гуангжу. Меѓу инвеститорите се Toyota и Nio.

WeRide е третиот кинески стартап кој ги нуди своите роботски такси услуги преку апликацијата на Uber. Партнерството за прв пат беше објавено во септември 2024 година, а денес беше потврдено дека нивната флота од Абу Даби ќе има 50 возила до средината на 2025 година. Uber и WeRide планираат да го прошират своето присуство во нови градови секоја година, со цел да покријат 15 градови во следните пет години - вклучувајќи ги и европските.

WeRide е основана во 2017 година во Гуангжу, а меѓу инвеститорите се Bosch, Nvidia и BlackRock. Компанијата е предводена од Тони Хан, поранешен раководител на автономно возење во Baidu. WeRide има автономни возачки дозволи во Кина, САД, ОАЕ и Сингапур.

Партнерството означува уште еден голем чекор кон глобалното распоредување на автономни возила, бидејќи автомобилската индустрија сè повеќе се потпира на софтверски решенија и напредна вештачка интелигенција.

Тагови
реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Read more

Авто новости

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Read more

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Read more

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Read more

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Read more

Автомобили

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе

Совети за возачи за време на екстремна топлина

Читај повеќе
  • filter

Новиот предводник на гамата – Audi Q9 ги редефинира просторот и удобноста како прв модел од ваков вид

Читај повеќе

Mercedes-Benz го претстави подобрениот кампер комбе Marco Polo

Читај повеќе

Со Zeekr 9X тргнал на патување од Кина до Европа, теренецот се заклучил откако ја напуштил земјата

Читај повеќе

Се продава еден од најгрдите спортски автомобили во историјата, цената е мизерна

Читај повеќе
  • filter

Доаѓа најнеобичниот Range Rover досега – SUV или седан? 

Читај повеќе

Кој чекаше, дочека: Електричните автомобили драстично поевтинија

Читај повеќе

Како ќе звучи првиот електричен Bentley?

Читај повеќе