Volkswagen повлекува речиси 100.000 електрични возила низ цел свет

Групацијата Volkswagen повлекува речиси 100.000 електрични возила Volkswagen и Cupra поради проблеми со високонапонските батерии што може да предизвикаат пожар, соопшти Германската федерална управа за моторен сообраќај (KBA).

Извештајот од федералната управа со седиште во Фленсбург наведува низа можни проблеми, од палење на жолто предупредувачко светло и пократки интервали на полнење до потенцијален ризик од пожар. Портпаролот на Volkswagen потврди дека се повлекуваат возила низ целиот свет поради модул на батерија што не ги исполнува техничките спецификации.

Кои модели се повлекуваат?

Групацијата ги повлекува моделите Volkswagen ID.3, ID.4, ID.5 и ID.Buzz, произведени помеѓу 24 јуни 2023 година и 23 август 2024 година, како и моделот Cupra Born произведен помеѓу 7 февруари 2022 година и 21 април 2024 година.

Вкупно се засегнати околу 94.000 возила, од кои речиси 75.000 се Volkswagen, а повеќе од 19.000 се возила Cupra. Според KBA, поправката на дефектот вклучува ажурирање на софтверот и тестирање на батеријата, а доколку е потребно и замена на поединечните модули на батеријата.

Volkswagen нагласува дека можноста за термичко преоптоварување е многу ретка, но во екстремни случаи таков дефект може да доведе до пожар. Според KBA, досега не се регистрирани материјални штети или повреди. Компанијата сама го открила проблемот и ги проверува сите возила за целосно да го елиминира секој потенцијален ризик.

Тагови
реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Авто новости

Кинескиот гигант BYD ќе произведува електрични камиони во Европа

Read more

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Read more

Дали станува поевтино да се вози „на струја“?

Read more

Автомобили

Кинескиот гигант BYD ќе произведува електрични камиони во Европа

Читај повеќе

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Читај повеќе
  • filter

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Читај повеќе

Дали станува поевтино да се вози „на струја“?

Читај повеќе
  • filter

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen: Чао, Bugatti!

Читај повеќе

Што ќе се случи ако овој знак се воведе во Скопје?

Читај повеќе

Дали брендот Ducati прв ќе „лета“ од Volkswagen?

Читај повеќе

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Читај повеќе