Volvo ќе има две технологии - една за Кина, друга за Западот

Volvo Cars ќе започне да развива различни технологии за своите производи наменети за кинеските и западните купувачи, бидејќи глобалната трговија последниве години станува сè пофрагментирана, изјави во понеделникот извршниот директор на шведската компанија Хакан Самуелсон.

„Нашата цел е да имаме две верзии на софтверот и силициумските компоненти, компјутерите во автомобилот. Мора да имаме западна верзија и кинеска верзија. Тоа е нешто со кое едноставно мора да живееме и на што мора да се прилагодиме“, изјави Самуелсон за Euronews на симпозиумот EVS38 во Гетеборг.

Volvo Cars има седиште во Гетеборг од своето основање во 1927 година, иако компанијата од 2010 година е во мнозинска сопственост на кинеската Geely Holding Group. Volvo Cars треба да се разликува од Volvo AB, шведското акционерско друштво кое се занимава со производство на камиони, автобуси и други комерцијални возила.

Без прилагодување на производите за различните пазари, кинескиот истражувачко-развоен оддел на компанијата би можел да го комплицира извозот во САД, имајќи предвид дека Вашингтон се обидува да се оддалечи од кинеската технологија.

Во јануари, американската администрација воведе прописи со кои се забрануваат паметните автомобили од Кина и Русија поради загриженост поврзана со можно истекување на податоци од САД. Некои стравуваа дека овие автомобили би можеле да се користат за попречување на американската електроенергетска мрежа или друга клучна инфраструктура.

„Не гледаме никаков ризик дека ќе користиме кинеска технологија во САД. Тоа нема да се случи“, изјави Самуелсон.

Во финансискиот извештај за првото тримесечје годинава, Volvo Cars пријави пад на добивката, што делумно го припиша на „актуелните турбуленции во пошироката светска економија“. Во извештајот, Volvo Cars најави акционен план за подобрување на профитабилноста, со фокус на пазарите на САД и Кина како приоритети.

Продажбата на Volvo во Кина паѓа, а во САД расте

Самуелсон во понеделникот за Euronews изјави дека сака да го промени пристапот на компанијата кон кинескиот пазар, прилагодувајќи го на локалните барања:

„Мораме повеќе да ги слушаме локалните луѓе во регионот и да се прилагодуваме на локалните навики и вкусови, а можеби исто така да имаме и некои специјални автомобили за кинескиот пазар“.

Самуелсон го посочи новиот модел XC70, plug-in хибрид со продолжен дострел кој неодамна беше претставен на кинеските купувачи, а кој има за цел да освои пазарен удел од конкуренти како кинескиот бренд BYD.

Малопродажбата на Volvo Cars во Кина падна за 12% на годишно ниво во првото тримесечје, при што електричните возила и plug-in хибридите сочинуваа 10% од вкупниот број. Во САД, продажбата на Volvo Cars порасна за 8%, при што електричните возила и plug-in хибридите сочинуваа 28% од вкупниот број. Растот на продажбата потенцијално би можел да биде поврзан со натрупување залихи пред воведувањето на царини.

Иако компанијата даде навестување дека повеќе се фокусира на американските и кинеските купувачи, Volvo Cars и понатаму во голема мера зависи од европскиот пазар. Овој регион сочинуваше речиси половина од вкупната продажба во 2024 година, како и ист дел од продажбата во првото тримесечје од 2025 година.

Кога станува збор за производството на овие возила, некои се изработуваат на белгиски и шведски локации, додека други се произведуваат во Кина и се испраќаат во Европа. Тоа значи дека за одредени возила Volvo е изложен на царините на ЕУ, воведени минатата година како одговор на наводно неправедните субвенции од Пекинг.

„Царините нема да ѝ помогнат на европската индустрија долгорочно да стане поконкурентна. Треба да имаме став на слободна трговија и слободна конкуренција, но реално тоа нема да се случи. Мислам дека влегуваме во свет кој е повеќе регионален“, изјави Самуелсон.

Последниот акционен план што го објави Европската комисија сугерираше дека кинеските производители на автомобили кои работат во ЕУ би можеле да бидат обврзани да влезат во заеднички вложувања со европски компании или да лиценцираат делови од својата технологија.

На прашањето како Volvo Cars би можел да биде погоден со оглед на своите врски со Geely, Самуелсон сугерираше дека компанијата нема да биде погодена, нагласувајќи дека значителен дел од развојот и понатаму се одвива во Европа.

„Не гледам никакви проблеми со кинеската технологија во нашите автомобили во тој поглед. Софтверските производи во автомобилот се во голема мера прилагодени и развиени од страна на Volvo“, изјави извршниот директор на Volvo.

Тагови
реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Read more

Авто новости

Ердоган го тестираше новиот турски електричен автомобил

Read more

Porsche ја претстави новата 911 Carrera 4S

Read more

Xiaomi YU7 го запали пазарот, забележа рекорден број нарачки

Read more

Дали чувствувате мачнина додека се возите во е-автомобили? Научниците ја знаат причината

Read more
 

Автомобили

  • filter

Ердоган го тестираше новиот турски електричен автомобил

Читај повеќе

Porsche ја претстави новата 911 Carrera 4S

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi YU7 го запали пазарот, забележа рекорден број нарачки

Читај повеќе

Дали чувствувате мачнина додека се возите во е-автомобили? Научниците ја знаат причината

Читај повеќе

Нова студија: Бензинските мотори се всушност поштетни од дизелот

Читај повеќе
  • filter

Лансиран новиот SUV на Xiaomi, нарачани 289.000 автомобили во првиот час

Читај повеќе

Nissan ја претстави новата генерација на технологијата e-POWER

Читај повеќе

Дигиталните клучеви за автомобилите на Mercedes наскоро ќе бидат достапни во Samsung Wallet

Читај повеќе

Нема крај на драстичниот пад на Tesla во Европа

Читај повеќе