Зошто електричните автомобили уште се значително поскапи од бензинците?

Дизелите се уште поскапи и од електричните автомобили.

Електричните автомобили се во просек околу 14.000 евра поскапи од возилата со бензински мотор, според податоците од новиот извештај на DAT за 2026 година, годишна анализа на германскиот пазар на автомобили.

Цените на новите автомобили остануваат високи со години, на незадоволство на купувачите, а разликите помеѓу погонските системи се сè уште големи. Според анкета спроведена меѓу 1.292 купувачи на нови автомобили во Германија, просечната цена на електрично возило во 2025 година била 47.160 евра, додека автомобилите со бензински мотор чинеле во просек 33.150 евра, пишува Auto Bild. Предвид е земена вистинската цена на купување, вклучувајќи ја и дополнителната опрема.

Интересно е што купувачите на дизел автомобили потрошиле уште повеќе пари - во просек 50.030 евра. Причината е што дизел моторите денес речиси исклучиво се нудат во повисоки и поскапи класи.

Според податоците на ADAC, на германскиот пазар повеќе нема ниту еден мал автомобил со дизел мотор, додека пред десет години имало дури 47.

Оптимизмот кај купувачите на електрични автомобили го носи најавата за враќање на државните субвенции до 6.000 евра, како и постојаното намалување на трошоците за производство на батерии.

Професорот Фердинанд Дуденхефер од Центарот за автомобилски истражувања (CAR) верува дека цените ќе се стабилизираат во наредните години.

Како што наведе, веќе постојат модели во кои бензинските и електричните верзии чинат речиси исто, како што е Mini Cooper, за кој во основната верзија треба да се издвојат 28.450 евра, без оглед на погонот.

Според извештајот на DAT, дополнителна причина за големите разлики во цените е однесувањето на клиентите. Иако понудата на попристапни електрични автомобили се зголемува, во 2025 година купувачите на електрични модели често избираат помоќни батерии и побогати пакети опрема.

Купувачите на бензинци, од друга страна, почесто бараа и наоѓаа возила во пониски ценовни рамки - со помалку опрема, но и по значително пониска цена.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Авто новости

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Read more

Дали станува поевтино да се вози „на струја“?

Read more

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Volkswagen: Чао, Bugatti!

Read more

Автомобили

  • filter

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Читај повеќе

Дали станува поевтино да се вози „на струја“?

Читај повеќе
  • filter

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen: Чао, Bugatti!

Читај повеќе

Што ќе се случи ако овој знак се воведе во Скопје?

Читај повеќе

Дали брендот Ducati прв ќе „лета“ од Volkswagen?

Читај повеќе

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Читај повеќе
  • filter

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Читај повеќе
  • filter

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Читај повеќе