Зошто Lamborghini се откажа од првиот модел „на струја“?

Lamborghini официјално ги напушти плановите за своето прво сериско електрично возило и одлучи посилно да се фокусира на plug-in хибриди со високи перформанси до 2030 година. Од седиштето во Сант’Агата велат дека електричната енергија е добредојдена, но само како засилувач за V8 или V12 мотор, а не како замена.

Моделот за кој станува збор беше претставен во 2023 година како концепт Lamborghini Lanzador, и требаше да се појави на пазарот пред крајот на деценијата како целосно електричен кросовер 2+2. Наместо тоа, проектот се враќа на почеток, тукуречи ја рециклира историјата.

Стратешки пресврт поради слаба побарувачка

Во интервју за Sunday Times, извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, потврди дека електричното возило нема да се приклучи на производствениот опсег и ќе отстапи место на друг plug-in хибриден модел. Тој, исто така, предупреди дека целосниот премин кон електрични возила може да стане „скапо хоби“, истакнувајќи дека подготвеноста на клиентите на Lamborghini да прифатат технологија со нулта емисија е „скоро нула“.

Винкелман додаде дека купувачите на Ламборџини сè уште бараат „целосно емоционално искуство“, кое вклучува стил, перформанси и, што е клучно, звук. Ова, според него, е нешто што електричните возила во нивната сегашна форма сè уште не можат да го понудат. Затоа, моторите со внатрешно согорување ќе останат во понудата и ќе се произведуваат „колку што е можно подолго“.

Хибридите имаат предност

Одлуката за откажување на проектот наводно е донесена зад затворени врати на крајот од минатата година, по обемни разговори со клиенти и трговци и темелна анализа на пазарот. Со други зборови, во Lamborghini ја направиле анализата и не им се допаднале заклучоците. Како што рече Винкелман:

„Да се ​​инвестира многу во развој на целосно електрични возила пред пазарот и клиентите да бидат подготвени би било скапо хоби и финансиски неодговорно кон акционерите, клиентите и нашите вработени и нивните семејства. Plug-n хибридите го нудат најдоброто од двата света, комбинирајќи ја агилноста и потисокот при низок број на вртежи на технологијата на батерии со емоцијата и моќта на моторот со внатрешно согорување.“

Кога беше прашан дали Lamborghini некогаш ќе произведе целосно електрично возило, Винкелман ја остави вратата отворена. 

„Никогаш не вели никогаш, туку само кога ќе дојде вистинското време“, рече тој. „Во догледна иднина, планирани се само PHEV модели. Ќе продолжиме со развојот на електрификацијата бидејќи и ние мора да бидеме подготвени. Времињата во кои живееме се менуваат брзо; ако не реагирате брзо, ризикувате неуспех или губење на моментумот. Затоа, ни е потребна солидна финансиска основа за реинвестирање во иднина.“

Тековната линија на Lamborghini сега е целосно хибридизирана, од теренскиот автомобил Urus до супер автомобилите Temerario и Revuelto, секој од нив комбинирајќи ја моќта на моторот со внатрешно согорување со електрична помош. Се чини дека формулата функционира - минатата година компанијата продаде рекордни 10.747 автомобили, а Urus беше убедливо најпопуларниот.

Заштита на најпродаваниот модел

Токму SUV возилото Urus требаше да добие нова генерација со целосно електричен погон во 2029 година, но тоа повеќе нема да се случи. По разговорот со клиентите, Lamborghini заклучи дека Urus „на струја“ нема да привлече голем број нарачки.

Според Винкелман, тие едноставно не можеле да ризикуваат со нивниот најпродаван модел. Urus е финансискиот столб на брендот. Иако суперавтомобилите може да донесат поголеми маржи, тие го зафаќаат она што тој го нарекува „мал сегмент“ во споредба со пазарот на Urus, кој е „поголем и постабилен“. Едноставно не се коцкате со моделот кој ги плаќа сметките.

Винкелман, исто така, се осврна на регулаторните предизвици што претстојат. 

„Имаме голема задача пред нас како автомобилска индустрија. Сите зборуваат за 2035 година, но има еден многу опасен датум, а тоа е 2030 година, поради емисиите. И тоа е нешто што, според мене, не е доволно јасно денес.“
 

Тагови
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Авто новости

Емотивно привлечен звучен пејзаж кој значително се засилува кога покривот е спуштен: Премиера на новиот 911 GT3 S/C 

Read more

Пожар во гаража на BYD, паднаа акциите на кинескиот гигант

Read more

Rolls-Royce го претстави најлуксузниот кабриолет на годината

Read more

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Емотивно привлечен звучен пејзаж кој значително се засилува кога покривот е спуштен: Премиера на новиот 911 GT3 S/C 

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожар во гаража на BYD, паднаа акциите на кинескиот гигант

Читај повеќе
  • filter

Rolls-Royce го претстави најлуксузниот кабриолет на годината

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Читај повеќе

Која земја е апсолутно најголемиот пазар на автомобили во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Читај повеќе

Tesla доби дозвола за целосно автономно возење во Европа

Читај повеќе

Tesla работи на помал, поевтин електричен SUV

Читај повеќе

Голем пресврт во Германија: Електричните автомобили ги надминаа бензинците

Читај повеќе