BMW претстави „ѕверка“ со дискретна балистичка заштита

BMW го претстави Concept 7 Protection – експериментален проект чија цел е да се вгради цврст оклоп во луксузен седан наменет за секојдневна употреба.

Изграден врз платформата на Series 7, автомобилот е дизајниран да обезбеди заштита од грабежи, инциденти поврзани со агресивно однесување во сообраќајот и други закани на кои се изложени корпоративните раководители и приватните купувачи при секојдневното возење.

Како и постоечките модели на BMW од линијата Protection, овој концепт е дизајниран визуелно да се вклопува меѓу обичните автомобили. Тој претставува уште еден начин за спојување на безбедноста, удобноста и дискрецијата во понудата на заштитени возила на BMW, без притоа да ги заменува постоечките наменски оклопни седани и SUV возила.

Понудата на BMW Series 7 веќе вклучува фабрички оклопни верзии на моделите од Series 7 и i7 кои нудат повисоко ниво на балистичка заштита; BMW го разви овој концепт за да ги надополни тие модели, а не да ги замени. Засега, станува збор за студија – а не за одобрен сериски модел – која го истражува балансот помеѓу дискрецијата и заштитата од огнено оружје (првенствено од пиштоли) што може да се постигне со полесна конструкција.

BMW го заснова Concept 7 Protection врз моделот M760e xDrive. Неговиот plug-in хибриден погон комбинира 3,0-литарски шестцилиндарски мотор со електричен мотор, кои заедно испорачуваат 611 КС и 800 Nm вртежен момент. Оваа моќност гарантира дека оклопниот седан нема да биде тромав при секојдневното возење. Автомобилот поседува подебели стакла отпорни на куршуми и балистички челик интегриран во вратите, под каросериските панели кои изгледаат стандардно. 

Останатите делови од каросеријата се зајакнати со композитни материјали армирани со влакна. Од BMW наведуваат дека овие елементи се целосно невидливи, со што се зачувуваат фабричките пропорции и внатрешното уредување на седанот, така што дополнителната заштита не привлекува внимание.

„Заштитните елементи се дискретно интегрирани во возилото, со што се задржува престижниот изглед на луксузен седан“, соопштија од BMW при претставувањето. Компанијата исто така го истакна комуникацискиот систем кој им овозможува на патниците да разговараат со луѓе надвор од возилото без да ги спуштаат прозорците или да ги отвораат вратите.

BMW го разви овој концепт за да го исполни новиот стандард BayB за цивилни заштитни возила наменети за градско возење. Стандардот BayB се фокусира на вообичаени закани од рачно огнено оружје, наместо на напади со оружје од воен калибар. Возилото е дизајнирано да издржи куршуми од 9×19 mm и посилната муниција .44 Magnum, која често се поврзува со вооружени грабежи и улично насилство.

Оваа специфична намена го разликува од стандардните модели Series 7  Protection и i7 Protection, кои BMW веќе ги нуди со заштита од ниво VR9 и опционален сертификат VPAM 10. Тие нивоа на заштита подразбираат оклоп отпорен на оган од пушки и експлозиви, наменет за дипломати, шефови на држави и други поединци изложени на високи безбедносни ризици. За разлика од нив, Concept 7 Protection е дизајниран да одговори на она што BMW го нарекува секојдневни, ситуациони ризици – како што се обиди за грабеж на возилото, инциденти предизвикани од гнев во сообраќајот или заседа пред приватна резиденција. Иако нивото на заштита е пониско од она кај целосно оклопените модели од линијата Protection, возилото го задржува изгледот и возните карактеристики на стандардната Series 7.

Од BMW наведуваат дека ова возило укажува на правецот во кој би можело да се прошири нивната понуда на заштитени возила во рамките на постоечката гама на модели.

BMW Concept 7 Protection нуди увид во можноста за проширување на палетата BMW Protection кон дополнителни групи на купувачи“, соопштија од компанијата.

Концептот е наменет за приватни и корпоративни клиенти кои бараат фабрички обезбедена заштита, без гломазниот изглед и дополнителната тежина карактеристични за возилата со целосна заштита што се користат за дипломатски цели. BMW сè уште нема потврдено информации за цената или за датумот на почеток на производство.

Тагови
реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Концепти

Nissan подготви три екстремни теренски концепти за саемот SEMA

Read more

Fiat со решение за градскиот метеж: Четири седишта во модел долг само три метри

Read more

BMW претстави „ѕверка“ со дискретна балистичка заштита

Read more

Изгледа како автомобил од иднината, а е инспириран од легенда од 80-тите

Read more

Автомобили

Италија планира да казнува за пребавно возење

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Yangwang U9 Xtreme стана првиот сериски автомобил што надмина 500 км/час

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Читај повеќе
  • filter

BMW M 1000 RS: Најмоќниот „гол“ мотоцикл во светот

Читај повеќе

Nissan подготви три екстремни теренски концепти за саемот SEMA

Читај повеќе

CUPRA повторно успева: Новиот Raval е номиниран за Автомобил на годината 2027

Читај повеќе
  • filter

Кинезите го напаѓаат европскиот луксуз: Новиот Xpeng SUV има 585 КС

Читај повеќе

Криза во Volkswagen: Дали е ова крај нa електричниот Golf?

Читај повеќе
  • play_arrow

Една третина од возачите не знаат што индицира овој симбол

Читај повеќе