Citroën експериментираше со дизајнот и го создаде концептот ELO

Citroën го претстави новиот концепт ELO, кој е логично продолжение на концептниот автомобил OLI претставен во 2022 година. И двата проекта се создадени како концептуални експерименти што го инспирираат Citroën да размислува за иднината.

ELO е дизајниран како привлечно, разновидно и пространо возило, еден вид мал дом на тркала. Според Citroën, возилото во град е „како дома“, но исто така поканува истражување надвор од неговите граници.

Електричното комбе е долго 4,1 метри и високо 1,7 метри. Има флексибилен распоред на ентериерот, кој обезбедува доволно простор за 6 лица.

Пријателскиот карактер на ELO е нагласен со портокаловата боја на каросеријата, која се менува од жолта во црвена во зависност од осветлувањето. Внатрешноста е исто така во портокалова боја.

Citroën сè уште не откри технички детали, компанијата само изјави дека возилото е развиено на посебна електрична платформа. Може да биде STLA Small, бидејќи партнерскиот бренд Peugeot неодамна претстави концептен автомобил на оваа платформа.

Четирите странични врати се отвораат во спротивни насоки и нема централен столб, што резултира со отвор широк 1,92 метри. Внатре, на дното од шофершајбната има проекциски екран. Според Citroën, информациите се прикажуваат на „проѕирен филм“, создавајќи впечаток дека лебди над хаубата. Ова е понатамошна еволуција на SmartBand екраните што се гледаат кај Citroën Oli.

Исто така, нема инструмент табла, бидејќи сите контроли се наоѓаат на воланот, кој е сплескан на горниот и долниот дел. Елементи слични на џојстик се наоѓаат на левата и десната страна и овозможуваат контрола на дополнителни функции.

Седиштето на возачот е централно поставено и може да се ротира за разговор или работа. Зад него се три задни седишта. Две дополнителни седишта можат да се преклопат дијагонално зад возачкото. Покрај тоа, достапни се конфигурации на седиштата што овозможуваат возилото да се трансформира во место за спиење за двајца или домашно кино.

Трите задни седишта можат да се отстранат и да се користат како надворешни седишта. Куките се наоѓаат на сите четири врати, што овозможува платнениот покрив да се растегнува од двете страни на ELO за заштита од сонце и дожд. Вградениот компресор може да се користи за надувување на помагала за пливање, SUP штици или велосипедски гуми. ELO исто така поддржува V2L технологија, што значи дека може да напојува електрични уреди.

Јавната презентација на Citroën ELO ќе се одржи на 9 јануари на Саемот за автомобили во Брисел.

Тагови
реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Концепти

Автомобил на иднината: Renault со вграден алкотест

Read more

Кога ќе возиме автомобили со волани како од видеоигрите?

Read more

Во фабрика во Тексас произведен првиот Cybercab на Tesla

Read more

Nissan Ariya вози и на сончева енергија

Read more
 

Автомобили

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Читај повеќе
  • filter

Автомобил на иднината: Renault со вграден алкотест

Читај повеќе

Кога почнало да се мери од 0 до 100 км/час? 

Читај повеќе
  • filter

Dacia го претстави Striker, кросовер со почетна цена од помалку од 25.000 евра

Читај повеќе

Драма во Volkswagen: Укинуваат 50.000 работни места

Читај повеќе

Совети за возачи: Како да го подготвите автомобилот за пролет?

Читај повеќе

Како безбедно да престигнете камион долг повеќе од 50 метри?

Читај повеќе

Peugeot го освежи 408: Што е ново?

Читај повеќе

Директорот на Stellantis за една година заработил колку просечен работник за 82 години

Читај повеќе