Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Некои сметаат дека во Renault се мачат со креативноста, а некои дека ретрото во нова модерна верзија е во мода, а францускиот бренд одлично се снаоѓа на таа сцена. Renault 5 се врати и стана европски автомобил на годината, а потоа пристигна и „четворката“.

Сега Renault претставува нов концепт кој најавува нова, поробусна верзија на електричниот кросовер модел. Ако ваквиот план се оствари, R4 ќе добие погон на сите тркала и два електромотори. Што значи тоа, најдобро зборува името – R4 Savane, со кое се оддава почит на една од најпознатите верзии на оригиналната „четворка“.

Најголемата новина кај концептот е додавањето на втор електромотор на задната оска, со што се овозможува погон на сите тркала. Ако на сето тоа додадеме дека шасијата е подигната за дополнителни 15 мм и дека трагата на тркалата е проширена, јасно е дека промотивните фотографии укажуваат на авантуристичкиот дух на автомобилот.

Renault со концептот претставува и нова нијанса на каросеријата – Jade Green, а наместо стандарден покрив, има мек текстилен покрив со принт. Браниците, испечатени со 3D технологија, се поробусни и имаат способност да апсорбираат енергија при удар. Конечно, тука се и специјално дизајнираните 18-инчни бандажи со гуми Goodyear UltraGrip.

Француските дизајнери се посветиле и на внатрешноста. Седиштата се обложени со темнокафена ткаенина со впечатлив пепитo дезен на наслоните и страничните делови. Кафеавите тонови продолжуваат и на контролната табла.

На пазарот, Renault 4 E-Tech е достапен со еден електромотор, преден погон и избор на моќност помеѓу 118 и 148 КС. Со вградување на дополнителен мотор, моќноста може да порасне до 300 КС – речиси десетпати повеќе од оригиналниот модел од 1961 година.

Renault сѐ уште не потврди дали Savane ќе влезе во сериско производство, но најавуваат дека овој концепт покажува што сѐ е можно на платформата AmpR Small, која ја користат и новиот Renault 5 E-Tech и спортскиот Alpine A290.

Ова не е првиот обид на Renault да ја прикаже „четворката“ во оф-роуд издание. Неколку години пред да биде претставена сериската верзија, концептот 4ever Trophy веќе навести дека би можела да постои повеќе авантуристичка варијанта.

Во секој случај, станува збор за многу интересен концепт кој многумина би сакале да го видат во слободна продажба.

Ако навистина добие зелено светло за производство, овој модел ќе има повисока цена од стандардниот Renault 4 со поголема батерија, кој во Франција се продава по почетна цена од 31.490 евра, со вклучен еколошки бонус од 2.000 евра. Во превод – заборавете дека Renault 4 некогаш повторно ќе биде „народен автомобил“.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Концепти

Новиот Volkswagen има светлечко лого со волк

Read more

Како ќе изгледа новото Peugeot 208?

Read more

Футуристички концепт на Mercedes инспириран од елеганцијата од 1930-тите

Read more

Кој ќе го вози Dacia Hipster?

Read more
 

Автомобили

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Читај повеќе

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Читај повеќе

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Читај повеќе

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen има светлечко лого со волк

Читај повеќе
  • filter

Роботското такси на Маск пристигнува во април - без волан и педали

Читај повеќе
  • filter

Екран до екран: Поглед во новиот Mercedes GLB

Читај повеќе

Xiaomi не може да ја задоволи побарувачката за е-автомобили

Читај повеќе
  • filter

Renault Megane се враќа на бензин

Читај повеќе