Автомобилите во кои беа убиени Биги и Тупак одат на продажба

Денес се одбележуваат 21 година од смртта на раперот Биги Смолс (Notorious BIG), а некој успеа да најде начин да профитира од неговото убиство со тоа што го стави на продажба автомобилот во кој тој беше убиен.

Американецот Гери Зимет на невкусен начин пробува да се збогати со тоа што ги продава возилата во кои беа убиени популарните рапери Тупак и Биги Смолс.

Иако Зимет доби многу критики, тој сепак продолжи со намерата да ги продаде автомобилите кои беа последни сведоци за генијалноста на две од најголемите имиња во музичката индустрија во 90-те. Тој веќе ја одреди цената на едното возило, додека другото оди на аукција со цел да достигне што поголема сума.

Биги беше застрелан во GMC Suburban SUV пред точно 21 година, на 9 март 1997 година, и овој автомобил е ставен на продажба за 750.000 американски долари.

Автомобилот во кој беше застрелан Тупак Шакур, BMW 7, е ставен на аукција со почетна цена од 1,5 милион долари. Тој беше исто така застрелан, само неколку месеци пред Биги, на 13 септември 1996 година.

Според Зимет, продажбата на овие автомобили е тотално морално оправдана бидејќи луѓето треба да ги гледаат како предмет од историјата, а не како сквернавење на името, ликот и делото на двајцата рапери.

„Мора ова да го погледнете од историска гледна точка, двата автомобили имаат огромно историско значење. Ако го ставите на продажба автомобилот во кој беше застрелан Џон Ф. Кенеди, сигурно ќе достигне цена од 25 милиони. Штета што тоа нема никогаш да се случи“, вели Зимет.

Гери Зимет е опседнат со предмети од историјата и тој многу често тргува со нив. Како и со сите останати предмети кои ги има продадено, и овие автомобили тој вели дека ги купил најлегално и има право да ги продава ако сака. Иако музичката индустрија, како и сите фанови на овие двајца артисти се многу вознемирени, сепак овој 64-годишен старец има намера да се збогати со продажбата на овие два „историски артефакти“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе