Автопат со најубав поглед во светот
Кина важи за земја што ја красат многу природни убавини и архитектонски чуда.
Затоа автопатот Непу-Напо, што се протега во југозападниот регион Гуангси, навистина е посебен: ги спојува овие две убавини.
Бетонската конструкција е моќен контраст на густите шуми во ридовите низ кои поминува, што резултира со глетка на која никој не останува рамнодушен.
Светските медиуми го прогласија автопатот S60 во близина на границата со Виетнам, за автопат со најубав поглед.
Иако на снимките од воздух често изгледа празен, овој автопат е граден за иднината. Во најнаселената земја на светот живеат 1,3 милијарди луѓе, од кои 40% во руралните средини.