Вчера околу 7 часот утрото во Скопје на бул.„Мајка Тереза“ во автомобил со белгиски национални ознаки, две непознати лица извршиле разбојништво над 42-годишниот С.К. од Кичево.
Сторителите се доближиле до возилото и го замолиле С.К. да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“. Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото.
Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40 илјади денари, неколку мобилни телефони и други лични предмети. Откако го сториле делото истите заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.