ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Азар: Германци, тука сме да играме фудбал, а не да испраќаме политички пораки

Германските фудбалери позираа со рацете на уста пред првиот меч на Светското првенство, поразот од Јапонија со 2:1. Така тие протестираа поради непочитувањето на човековите права во Катар, но и поради тоа што не им беше дозволено да „зборуваат“ за тоа. Поточно, затоа што ФИФА под закана со жолт картон и суспензија им забрани да ја носат капитенската лента во виножито боја со натпис One Love (Една љубов).

Капитените на Данска, Англија, Велс, Холандија, Швајцарија, Германија и Белгија сакаа да предупредат дека хомосексуалноста е забранета и казнива со смрт во Катар.

Откако беа спречени во тоа, Германците го изведоа симболичниот гест.

Еден Азар, капитен на Белгија и со тоа еден од оние на кои му е забрането да ја носи лентата со порака, не се пожали на тоа, туку го прокоментира потегот на Германците:

„Во ред, се замолчија, но на крајот загубија. Подобро ќе беше да не го направеа тоа и да победеа. Тука сме да играме фудбал, а не да испраќаме политички пораки. Другите луѓе се подобри во тоа. Сакаме да бидеме фокусирани на фудбалот“, изјави Азар и накратко ја прокоментира забраната која му е изречена:

„Непријатно ми е да зборувам за тоа. Тука сум да играм фудбал. Не сакав да ги започнувам натпреварите на Светското првенство. со жолт картон поради носењето на таа лента, тоа би било иритирачко“.

Тагови
реклама

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе