Откако се збогуваше со фудбалот во 2023 година, Еден Азар повторно ги облече копачките за хуманитарен натпревар во Ленс во средата, но секогаш кога ќе ја допреше топката, публиката го исвиркуваше.
Во средата, Азар се врати по повеќе од 12 години на теренот на стадионот Болаерт-Делелис играјќи на хуманитарен натпревар помеѓу Ленс и Тимот на легенди, но во овој случај ривалството ја надмина благородната кауза за која беше организиран натпреварот.
Имено, Ленс и Лил се омразени и лути ривали, а со оглед на тоа што Азар го носеше дресот на Лил во периодот од 2007 до 2012 година, домашната публика го исвиркуваше секој допир со топката што ја имаше поранешниот белгиски ас.
Азар е легенда на Лил, кому му помогна да ја освои титулата француски првак и Купот на Франција во 2011 година, по што се пресели во Челси, каде остана седум години.
Во 2019 година се пресели во Реал, каде што неговата авантура се претвори во фијаско со постојани повреди и конечно ја заврши кариерата во октомври 2023 година.
Свирежите од трибините на навивачите на Ленс не го дестабилизираа премногу Азар, кој со гол и асистенција покажа дека не заборавил да игра фудбал, а неговиот тим победи со 6:5.
Sifflé (🧐) à chaque prise de balle à Bollaert, Eden Hazard réduit la marque pour la Team Légendes face à la Team RC Lens.
— 90football (@90footballFr) September 11, 2024
👉 Match de charité en faveur de l’association fondée par Pascal Olmeta «Un sourire, un espoir pour la vie».@hazardeden10 pic.twitter.com/D1v0aP6I9n