Азар пред натпревар се заигрувал „Mario Kart“

Фелипе Луис вели дека неговиот поранешен соиграч има недостаток на фудбалска амбиција, а како потврда за тоа наведе еден интересен податок.

Еден Азар го има талентот како Лео Меси, но не гаи амбиции да биде најдобар. Ова го тврди бразилскиот дефанзивец Филипе Луис кој беше соиграч со Азар во Челси.

„Еден и Нејмар се најдобрите играчи со кои некогаш со играл во ист тим - тие се добри колку Меси“, вели Филипе говорејќи за Daily Mail.

Бразилскиот лев бек со Азар настапуваше заедно само една сезона, односно 2014/15 кога тој беше дел од Челси. Азар во лондонскиот клуб настапуваше 7 сезони пред да се пресели во Реал Мадрид. Имаат играно еден против друг кога Филипе беше во Атлетико Мадрид, како и за своите репрезентации Белгија и Бразил кога играа една против друга на Мундијалот 2018 во Русија.

„Тој не тренираше добро, пет минути пред натпревар уште играше 'Mario Kart' во соблекувалната. Одеше на загревање без да си ги врзе врвките на копачите. И пак никој не можеше да му ја земе топката. Дриблаше по двајца, тројца и сам носеше победи“, раскажува Бразилецот.

Белгискиот офанзивец сега има 30 години, а во Реал наместо да се етаблира како еден од најдобрите фудбалери на светот, мака мачи со повреди и ретко игра.

„Азар има огромен талент. Веројатно му фали амбиција, да рече: 'Ќе бидам најдобриот играч на светот'. Бидејќи и може да биде“, додава тој.

Сега 35-годишниот Филипе Луис е во Фламенгу во татковината. Во Европа настапуваше уште и за Депортиво Ла Коруња и резервниот тим на Реал Мадрид на почетокот од кариерата.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе