Азар проговори за трансферот во Мадрид: Направив одлука и го известив Челзи

Натпреварот со Лестер во последното коло од оваа сезона на Премиер лигата изгледа дека беше и последен за Еден Азар во дресот на Челзи. Белгиецот зад себе остави одлична сезона, во која го одведе тимот на Челзи до финале на Карабао купот, финале на Лига Европа и пласман помеѓу четирите најдобри екипи во Англија.

Без сомнение, Еден Азар сезонава беше најдобар играч во тимот на Челзи, кој и покрај критиките во текот на годината сепак изгледа дека ќе ја заврши оваа сезона во добро расположение.

Тој е мета на најголемите светски клубови веќе неколку години, а неговиот трансфер во Реал Мадрид постојано се дискутира низ медиумите. Како што стојат работите, прашањето не е дали тој трансфер ќе се случи, туку КОГА ќе се случи?

„Тоа што Челзи се пласираше во Лигата на шампионите нема да ја промени мојата одлука. Го известив клубот уште пред неколку недели и тоа е конечна одлука. Но, не се работи само за мене“, изјави Азар.

Со 16 постигнати голови и 15 асистенции, оваа сезона беше најдобра за Азар во Премиер лигата. Тој дури и ја освои наградата за Најдобар плејмејкер на сезоната, поради тоа што имаше повеќе асистенции од било кој друг играч во лигата. Неговото отсуство со сигурност ќе се почувствува во Челзи, посебно поради тоа што сезонава ниту еден играч не успеа да постигне двоцифрен број голови, ниту асистенции.

„Пред нас се наоѓа финале од Лига Европа, а потоа ќе видиме. Сакав да ја решиме ситуацијата досега, но тоа не се случи. Верувајте, јас чекам како што чекате вие (медиумите), како што чекаат навивачите“, додаде Азар.

Доколку Азар реши да си замине, се очекува дека Челзи ќе добие сума од преку 100 милиони фунти за белгискиот магионичар. Како што стојат работите, тој веројатно ќе заврши во Реал Мадрид, каде што постои „дупка“ во составот откако си замина Кристијано Роналдо.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе