Азербејџан фрлал турски и израелски гранати врз Ерменците
Речиси 700 гранати со турски и израелски ознаки пронашле Ерменците на улиците во главниот град на самопрогласената Република Арцах.
Точно 673 неексплодирани гранати од Турција и Израел се собрани низ улиците на Степанакерт, соопшти ерменското Министерство за внатрешни работи. Ова покажува дека Азербејџан или добива помош од Турција и Израел или тие му продаваат оружје. За Турција и се очекуваше таква помош, но изненадува присуството на Израел.
И покрај неодамнешното примирје договорено во Москва, продолжува размената на оган помеѓу Ерменија и Азербејџан поради спорниот регон Нагорно-Карабах, де факто дел од Арцак, односно де јуре од Азербејџан.