Азербејџан започна офанзива во Нагорно-Карабах, Ерменија собори три авиони

МИА/КАЈГАНА
/ 03.10.2020 / 09:52

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските вооружени сили започнале офанзива во северните и јужните делови на регионот Нагорно-Карабах и дека биле соборени три авиони на азербејџанските воздухопловни сили.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан напиша на Facebook дека се водат жестоки борби во северните и јужните делови на Нагорно-Карабах и дека непријателот, кој концентрирал големи сили во овие области, започнал офанзива.

Таа исто така наведе дека ерменските единици го запираат напредувањето на непријателот и дека три авиони на азербејџанското воено воздухопловство се соборени во Нагорно-Карабах, пренесе агенцијата ТАСС.

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно-Карабах повторно избија на 27 септември. Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и започнаа општа мобилизација на граѓаните. Двете страни објавија жртви, вклучително и цивили.

URL

Читајте следно: Низ фотографии: Погледнете како изгледа Нагорно-Карабах додека трае конфликтот

Конфликтот меѓу Баку и Ереван започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах со мнозинство ерменско население прогласи отцепување од Азербејџан.

URL

За време на конфликтот во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решение на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, со која претседаваат Русија, Соединетите Американски Држави и Франција.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Свет

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Read more

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Read more

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе