Азиски мултимилијардер ќе ги реновира Титовите Хаваи кај Дубровник

Хрватското Министерство за просторно планирање издаде локациска дозвола за изградба на голем туристички комплекс што треба да го замени култното одморалиште во Купари.

Како што претходно беше познато, освен хотелот „Grand“, ќе бидат урнати сите згради на местото на поранешниот воен комплекс, кој често го посетуваше Јосип Броз Тито, како и бројни светски познати личности.

Според Slobodna Dalmacija, заедно со реновирањето на хотелот „Grand“, на местото на поранешните четири хотели ќе биде изграден и луксузен комплекс со нови сместувачки капацитети.

„Јавна пешачка патека низ палмната градина, северно од хотелот 'Grand', ќе го поврзе главниот пат со крајбрежното шеталиште. Планиран е ново пристаниште кое ќе служи како јавен простор и ќе им овозможи закотвување на поголемите бродови. Пристаништето ќе биде достапно за секого. Поттикнувањето на поморскиот транспорт како алтернативен начин за да се стигне до Дубровник, исто така, се разгледува, што ќе го намали сообраќајот за време на летото и ќе овозможи автентично искуство доаѓање по морски пат“, изјави аз Slobodna Dalmacija архитектот и косопственик на студиото 3LHD, кој е задолжен за целиот проект.

Тој нагласи дека хотелските соби и вили ќе бидат многу пространи.

„Реновирањето на хотелот 'Grand' ќе ја задржи оригиналната надворешност на зградата, додека внатрешноста ќе биде прилагодена на новите функции. Планираните работи вклучуваат реконструкција на централното скалило и изградба на голема мултифункционална сала за банкет со кујна. Историските печки за тули ќе бидат зачувани и интегрирани како интерпретациски центар, а западното крило ќе биде простор за културни кативности. Иако проектот првенствено цели кон луксузниот туризам, големо внимание е посветено за да се обезбеди пристап до јавните погодности“, се наведува.

Како што беше претходно наведено, инвеститор во новиот туристички комплекс Купари е хрватската компанија Kupari Luxury Hotels. Компанијата е во мнозинска сопственост на азискиот мултимилијардер Он Бен Сен од Сингапур.

Идниот туристички комплекс ќе има околу 400 легла од висока категорија, 32 апартмани и 4 вили.

Летното одморалиште кај Дубровник беше исклучително популарно за време на поранешна Југославија, а со текот на годините стана познато како воено летувалиште кое го посетуваше и Јосип Броз Тито, а за време на својата најголема слава го нарекуваа дури и Титови Хаваи.

На овие простори со децении се градеа луксузни хотели, а најпознатиот хотел „Pelegrin“ го дизајнираше сараевскиот архитект Давид Финци.

Покрај Јосип Броз Тито, Купари го посетија и големите филмски ѕвезди Јул Бринер, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Архитектура

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во светот

Read more

Се гради мега-аеродром: Ќе биде еден од најголемите сообраќајни јазли во Европа

Read more

Зошто нема мост помеѓу Европа и Африка, иако се оддалечени само 14 километри?

Read more
 

Магазин

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе