Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Бизнисменот Зоран Азманов денеска беше во Јавното обвинителство, каде даде исказ во врска со случајот „Рекет“, при што нагласи дека во обвинителството бил да го дополни исказот.

Бизнисменот истакна дека Бојан Јовановски, еден од осомничените во „Рекет“ му се заканувал дека ќе објави документи од СЈО и од Финансиската полиција. Заканите му ги упатил во телефонски разговор и тоа во периодот кога се најавувала емисијата Македонски инсајдер на 1 ТВ, чиј неофицијален сопственик беше Боки 13.

Според Азманов „Рекет” е несреќен случај, во кој Бојан Јовановски ја користел моќта на медиумот за да изнудува пари.

-Најавата на таа емисија беше безобрана, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата,  тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува, истакна Азманов по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Претходно денеска за „Рекет“ исказ даде претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал освен Бојан Јовановски , осомничени се и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор. 

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Зголемен број заразени со COVID-19, можно воведување карантин во одредени општини

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Над 60 нови случаи со COVID-19, еден починат

Read more

Македонија

До четврток ќе се донесе одлука дали ќе има рестрикции на движењето викендов

Read more

Градоначалникот на Чаир позитивен на COVID-19

Read more

Ќе има олеснување на протоколите „за да можеме сите слободно да одиме во кафеани и ресторани“

Read more

Филипче: Има суштинска разлика помеѓу првиот и овој бран

Read more

Вести

  • play_arrow

Криза за гориво во корона-криза, не може да се транспортираат мртвите

Читај повеќе

До четврток ќе се донесе одлука дали ќе има рестрикции на движењето викендов

Читај повеќе

Градоначалникот на Чаир позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Ќе има олеснување на протоколите „за да можеме сите слободно да одиме во кафеани и ресторани“

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Има суштинска разлика помеѓу првиот и овој бран

Читај повеќе

Филипче потврди 67 новозаразени, уште нема одлука за локализирани карантини

Читај повеќе

„Рекет“: Пресуда за Јанева и Јовановски на 18 јуни

Читај повеќе

Досега 55 позитивни на COVID-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос на улиците во Њујорк, демонстрантите оставија пустош

Читај повеќе