Аѕурите се ребрендираа: Италија доби ново лого

Филип Здравески
/ 03.01.2023 / 10:40

Фудбалската репрезентација на актуелниот европски шампион Италија во иднина ќе ја гледаме со ново лого на дресовите, само пет години откако го воведоа логото кое досега го користеа.

ФИГЦ (Италијанската фудбалска федерација) го откри изгледот на новото лого кое отсега ќе ги краси дресовите и ќе биде препознатлив бренд на италијанскиот репрезентативен фудбал во сите категории.

Откако по 20 години соработка „Аѕурите“ ја сменија Puma со Adidas, добија нови дресови, продолжува ребрендирањето. ФИГЦ на јавноста ѝ го откри новото лого кое делува прилично различно од досегашното, кое да потсетиме, го воведоа пред само пет години.

URL

Новото лого ги содржи боите на италијанското знаме вo облик слично како знакчето за Скудето кои го носи актуелниот шампион на Серија А. Новото лого е на бела позадина со зборот „Италија“ кој доаѓа до израз, обоен во сино, како дресовите со кои настапува Италија. Над амблемот се наоѓаат четирите ѕвезди кои ги претставуваат четирите освоени титули на Мундијалите на ФИФА (1934, 1938, 1982 и 2006). Новото лого е наречено Creato dale emozioni (Создадено од емоции).

Ова ново лого не е лого на Федерацијата, туку е заштитен знак на италијанските дресови. ФИГЦ има друго лого кое го воведе уште во 2021 година.

Новото лого за на дресовите (лево) и логото на ФИГЦ (десно)

Покрај новото лого, ФИГЦ претстави и „звучен идентитет“ кој ќе ги претставува „Аѕурите“ оваа 2023 година, кога Италија ќе ги игра квалификациите за ЕУРО 2024. Звукот трае само 3 секунди, но постои и подолга верзија компонирана од Енрико Џарета и Маурицио Д'Аниело.

URL

Италија во новите дресови и со новото лого на градите ќе дебитира во март кога во 1. коло од ЕУРО 2024 квалификациите ќе се соочи со Англија на домашен терен на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол. Во група со Италија е и Македонија, а првиот натпревар помеѓу овие две репрезентации е закажан за 9 септември во Скопје.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе