Бабура - парче здравје за оние со срцеви проблеми

Употребата на пиперките бабури во исхраната поволно влијае на луѓето со предиспозиција за кардиоваскуларни заболувања.

„Пиперката е извор на витамини и минерали како А, Е, Б2, Б5, Б9, ПП, цинк, железо и калиум. И, се разбира, таа е одличен извор на витамин Ц. Треба да се има предвид дека за да се зачува витаминот Ц, неопходно е да се јаде овошје и зеленчук. Најдобро е да се послужи свежо непосредно пред консумирање и да се сече со керамички нож“, вели за Спутник нутриционистката Екатерина Маркова.

Додава дека бабурите го збогатуваат организмот и со влакна. Најмногу влакна има во црвената пиперка, 2,1 грам на 100 грама пиперка.

„Најдобар ефект од користењето на бабурите во исхраната добиваат лицата со предиспозиција за кардиоваскуларни заболувања. Благодарение на витаминот П и витаминот Ц, ѕидовите на крвните садови ќе бидат поеластични“, вели руската нутриционистка.

Лекарката подвлече дека бабурата е алерген и потребно е да се следи реакцијата на организмот при нејзиното користење во исхраната. Можна е нетолеранција кон овој зеленчук. Покрај тоа, бабурата не треба да ја користат лица со автоимуни болести.

„Во случај да почувствувате надуеност или пореметување на столицата по конзумирање на бабураа, тогаш немојте да ја јадете свежа, туку термични обработете ја. Оние на кои бабурата им прија можат да ја јадат свежа, особено во текот на летото“, советува таа.

Бабурата е позната и како слатка пиперка и е од видот Capsicum annuum. Сортите на растението на овој вид пиперка произведуваат плодови во различни бои, вклучувајќи црвена, жолта, портокалова, зелена, бела и виолетова. Бабурите потекнуваат од Мексико, Средна Америка и северниот дел на Јужна Америка.

Семиња од бабури биле увезени во Шпанија во 1493 година, а оттаму се прошириле во Европа и Азија. Благата бабура бил развиена во 1920-тите во Сегед, Унгарија. Во Македонија доста се одгледува и тоа во Пелагонија, Струмичко, Велешко и Скопско. Денес најголем производител на бабури е Кина, а следуваат Мексико, Турција, Индонезија и САД.

Бабури во Пелагонија; Фото: Wikipedia
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе