Фудбал

Баерн го официјализираше трансферот на Кутињо

19. август 2019 - 13:04 | Ф.З.

Денеска тимот од Минхен потпиша договор со Филипе Кутињо и го претстави како свое најголемо летно засилување.

Бразилецот утринава ги помина медицинските прегледи и потоа стави потпис на едногодишен договор. Доаѓа како позајмен играч од Барселона со тоа што на крајот од сезонава Баерн има опција целосно да го откупи.

„Оваа промена за мене претставува нов предизвик во нова земја, во еден од најдобрите клубови во Европа. Со нетрпение чекам да почнам“, беше првата изјава на Кутињо како играч на Баерн. Тој ќе носи дресот со бројот 10.

Викендов Баварците немаа добар старт на новата бундеслигашка сезона откако пред своите гледачи одиграа само 2:2 со Херта. За многумина оваа сезона прв фаворит за титулата е Борусија од Дортмунд, а со Кутињо во тимот Баерн треба да не дозволи тоа да се случи.

Коментирај