ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Баерн и Порто вечерва бркаат историски пресврти

Вечерва од 21 часот се играат првите два реванш натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Челси и Порто ќе се сретнат во Шпанија, додека ПСЖ и Баерн дербито од оваа фаза ќе го играат во Париз.

Челси веќе направи голем чекор кон полуфиналето по првиот натпревар, откако головите на Маунт и Чилвел го поставија конечниот резултат 2:0, но секако дека тимот на Томас Тухел мора да биде претпазлив, знаејќи каков мотив имаат сите тимови во четвртфиналето, како и дека Порто нема толку лесно да се предаде.

Сепак, веќе на првиот натпревар, лондонскиот тим покажа квалитет и целосно ја контролираше ситуацијата на теренот, беше подобар тим и на крајот заслужено славеше, и треба да се каже дека само еден тим во историјата (Манчестер Јунајтед против ПСЖ ) надополнил заостанување од 0:2 од првиот натпревар, со тоа што тој натпревар беше одигран во осминафиналето.

Во меѓувреме, и двата тима ги одиграа своите натпревари во домашното првенство. Челси како гостин беше подобар од Кристал Палас со 4:1, додека Порто исто така беше подобар од Тондела на домашен терен со резултат 2:0.

Интересно ќе биде во Париз каде Баерн ќе се обиде да стане првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој надоместил пораз на домашен терен од 3:2 на првиот натпревар, а пред нив се обидоа осум екипи, но сите без успех.

Баерн исто така ќе се соочи на овој натпревар значително ослабен, бидејќи тренерот Ханси Флик не може да смета на Даглас Коста, Њабри, Левандовски, Суле и Толисо, додека Маурисио Покетино на клупата на ПСЖ не може да смета на Бернат, Диало, Икарди, Курзава и Маркињос кои претрпеа повреда на првиот натпревар.

ПСЖ викендов беше подобар од Стразбур со резултат 4:1 на гости, што е исклучително важна победа во борбата за титулата, со оглед на тоа што моментално заостануваат на три бода од првопласираните Лил, додека Баерн ремизираше против Унион Берлин 1:1.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе