Баерн ќе му ја зголеми платата на Мусиала за 140 отсто

Челниците на Баерн Михен, Макс Еберл и Кристоф Фројнд до крајот на годината ќе ги завршат сите формалности околу новиот договор на Џамал Мусиала. Актуелниот договор на Мусиала со Баерн истекува во јуни 2026 година.

Мусиала е означен како главен играч во новиот проект на клубот, поради тоа ќе добие договор до 2030 година и зголемување на платат за 140 отсто.

Според актуелниот договор, годишната бруто плата на Мусиала изнесува околу 9.000.000 евра, со новиот договор клубот му нуди бруто плата во износ од 22.000.000 евра.

За споредба, повеќе од Мусиала во моментов заработуваат: Хари Кејн (24.000.000), Мануел Ноер, Лерој Сане, Џошуа Кимих (по 20.000.000), Кингсли Коман, Серж Гнабри (по 19.000.000), Леон Горецка (по 17.000.000), Ким, Дајо Упамекано, Жоао Палиња (по 16.000.000), Мајкл Олис (13.000.000) и Алфонсо Дејвис (11.000.000).

Баерн може ова да си го дозволи бидејќи од наваедените играчи, петмина сигурно од наредната сезона нема да бидат во Минхен. Станува збор за Ноер, Сане, Коман, Горецка и Дејвис.

Мусиала со овиот договор ќе стане вториот најплатен играч на Баерн, веднаш зад неприкосновениот Кејн.

Германските медиуми пишуваат дека во новиот договор на Мусиала нема да има откупна клаузула.

реклама

Фудбал

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Read more

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Read more

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more
 

Спорт

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе