Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен

Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади се погребани во море, откако загина за време на воената операција на САД во неговиот камп во северозападна Сирија минатиот викенд, потврди денеска неименуван американски официјален претставник.

Властите не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото, но официјални лица за ABC News изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен.

Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции.

Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони „Карл Винсон“.

Началникот на здружениот Штаб на американската армија денеска одби да каже дали телото на Ал-Багдади е погребано во море. Тој рече дека положувањето  на неговите посмртни останки и оти е извршено на соодветен начин, по дополнителни ДНК анализи на безбедна локација.

Во исто време, неименуван функционер на Стејт департментот рече дека по убиството на Багдади, бил ликвидиран и друг припадник на Исламска држава, Абу ел Хасан ел Мухајир.

Тоа се случило во заедничка акција на курдските и американските трупи, исто така во северна Сирија.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Спорт

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Десет суперѕвезди на кои забрзано им се губи сјајот

Read more

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри

Read more
 

Ново

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација - машки против женски

Читај повеќе