Ф1

Бахреин: Синот на Шумахер ќе одржи прв тест во Формула 1 за Ferrari

25. март 2019 - 17:50 | Кајгана/МИА
Бахреин, 25 март 2019 (МИА) – Синот на легендарниот пилот на Ф1, Михаел Шумахер – Мик ќе одржи прв тест во Формула 1 со тимот на Ferrari следната недела.

Германскиот пилот ќе вози болид на Ferrari во Бахреин следниот вторник, а ден подоцна ќе го тестира и автомобилот на Alfa Romeo.

Следниот викенд, 20-годишниот Шумахер ќе запише официјално деби во Формула 2 на патеката „Сахир“ во Бахреин. Од јануари, синот на Михаел Шумахер, кој стана европски шампион во Формула 3 во 2018 година, е дел од Академијата за млади пилоти на Ferrari.

Во мај, во Шпанија ќе се одржат дводневни тестови за млади пилоти, а веројатно и Мик Шумахер ќе учествува во нив.

Коментирај