Бајден го призна геноцидот врз Ерменците

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека отоманските турски сили извршиле геноцид врз Ерменците во 1915 година.

Бајден е првиот американски претседател по 40 години кој официјално го призна геноцидот над Ерменците, и покрај противењето на Турција.

Во соопштението издадено од Белата куќа се наведува „1,5 милиони Ерменци беа депортирани, масакрирани и одведени во смрт во времето на Отоманското царство“.

– Секоја година на овој ден се сеќаваме на оние кои загинаа во геноцидот врз Ерменците за време на Османлиската ера и се посветуваме на тоа да не се повторат такви злосторства. Почнувајќи од 24 април 1915 година, со апсење на ерменски интелектуалци и општествените лидери во Константипол од страна на османлиската власт, 1,5 милиони Ерменци беа депортирани, масакрирани или одведени во смрт. Ние им оддаваме почит на жртвите на „Медс јегерн“ (ерменски термин за Големо злосторство) и ужасите што се случија да не бидат загубени за историја. И ќе се сеќаваме за да останеме внимателни против корозивното влијание на омразата во сите нејзини форми. Американскиот народ им одава почит на сите Ерменци кои ги изгубија животите во геноцидот пред 106 години, истакна Бајден.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека изјавата на Бајден е заснована на популизам.

– Зборовите не можат да ја променат или повторно да ја напишат историјата. Од никого нема да учиме за сопственото минато. Политичкиот опортунизам е најголемото предавство на мирот и правдата. Ние целосно ја отфрламе оваа изјава заснована само на популизам, напиша Чавушоглу на Twitter. 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прв реагираше и го осуди мешањето на САД во внатрешните работи на земјата. Тој додаде дека за ова треба да дискутираат историчарите и дека прашањето не треба да се политизира.

Од друга страна, Ерменија ја поздрави одлуката на Бајден, оценувајќи ја како историска, бидејќи Бајден е првиот американски претседател кој како геноцид ја оцени смртта на околу 1,5 милиони Ерменци.

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан вчера испрати писмо до американскиот претседател Џо Бајден дека признавањето на геноцидот е прашање на безбедноста на Ерменија, особено по минатогодишните настани кога почна војната во Нагорно Карабах.

„Ерменците ширум светот со ентузијазам го поздравија признавањето на геноцидот“, наведе Пашинијан во писмото објавено на неговата веб-страница.

реклама

Свет

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Read more

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе