Бајден како претседател прво ќе поништи две одлуки на Трамп

Победникот на претседателските избори во САД, Џо Бајден, сака брзо да поништи неколку клучни одлуки на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во САД за време на викендот. Иако гласовите сè уште се бројат, во клучните држави неговата предност е толку голема што е невозможно Доналд Трамп да ја достигне. Самиот Трамп сè уште не го признава поразот и најавува правна битка поради, како што тврди без никакви докази, изборни измами.

Новоизбраниот претседател Бајден официјално нема да стане претседател до инаугурацијата, закажана за 20 јануари следната година, но неговите први потези се веќе познати.

Во својот победнички говор, Бајден соопшти дека ќе назначи работна група за борба против епидемијата на коронавирус, која ќе се состои од 12 научници. Бајден беше тој, кој во својот говор за победа ја опиша епидемијата како клучно прашање за неговата администрација.

Враќање на Америка во СЗО и Парискиот договор

Но, интересно, штом Бајден ја преземе Белата куќа, тој ќе издаде неколку извршни уредби кои планира брзо да ги поништи некои од најконтроверзните одлуки на Доналд Трамп.

Светот е особено шокиран од двете одлуки на Доналд Трамп во изминатите четири години - повлекување на Соединетите Американски Држави од Парискиот договор, чија цел е да се намали количеството на испуштени гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, за да се стават под одредена контрола климатските промени; како и одлуката за повлекување на САД од Светската здравствена организација, што ја донесе среде пандемијата на коронавирус.

URL

BBC пишува дека Бајден ќе ги поништи двете одлуки веднаш штом ќе ја преземе власта.

Интересен податок е дека сѐ уште актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, најави состанок на работната група на Трамп за борба против коронавирусот. Работната група не се состана со недели поради изборната кампања, пишува BBC. Состанокот ќе се одржи денеска, истиот ден кога Бајден ќе ја назначи својата работна група од 12 научници за борба против коронавирусот.

URL

Да потсетиме, во САД, 237.000 луѓе починаа од коронавирус, а во последните денови земјата бележи рекордни дневни бројки на нови случаи.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Свет

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Read more

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Read more

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Read more

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Read more
 

Вести

Падна таван во гимназија во Србија

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Читај повеќе

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Читај повеќе

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Читај повеќе

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Читај повеќе

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Читај повеќе

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Читај повеќе

Закерберг го престигна Безос, сега е втор најбогат човек во светот

Читај повеќе

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Читај повеќе