Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Макфакс
/ 09.01.2025 / 08:20

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави BBC.

Бајден (82) сепак додаде дека не е сигурен дали би имал доволно енергија за уште еден четиригодишен мандат.

„Засега сѐ е во ред, но кој знае како ќе се чувствувам на 86 години“, коментираше тој.

Бајден, исто така, откри дека сè уште ја разгледува можноста за превентивно помилување за противниците на Трамп, вклучително и поранешната републиканска конгресменка Лиз Чејни и поранешниот врвен здравствен функционер д-р Ентони Фаучи.

Во интервјуто објавено вчера, Бајден рече дека бил многу директен со Трамп за можните помилувања за време на нивната средба во Овалната соба веднаш по изборите во ноември.

„Се обидов да му објаснам дека нема потреба од тоа и дека би било контрапродуктивно да се врати назад и да се обиде да се пресмета“, рече Бајден, додавајќи дека Трамп не се спротивставил, туку главно само слушал.

Бајден истакна дека неговата конечна одлука ќе зависи од тоа кого Трамп ќе избере за членови на неговиот кабинет.

Бајден, исто така, рече дека Трамп е полн со пофалби за неговата економска политика.

„Тој мисли дека оставам добро досие зад себе“, рече демократскиот претседател. Интервјуто за USA Today е единственото печатено интервју кое Бајден го дал пред да ја напушти функцијата. Белата куќа строго го контролира медиумскиот пристап до Бајден, претседателот не одржа ниту една прес-конференција откако се повлече од трката на 21 јули.

Во интервјуто, претседателот во заминување го бранеше и целосното и безусловно помилување за неговиот син Хантер Бајден, кој се соочуваше со осуда во два кривични случаи, за затајување данок и нелегална набавка на оружје, и покрај претходните тврдења дека нема да го стори тоа.

Бајден, кој прв пат влезе во американскиот Сенат во 1972 година, се соочи со критики во сопствената партија за неговата неподготвеност да се повлече од претседателската трка и покрај загриженоста за неговата возраст и менталната подготвеност.

„Кога Трамп се кандидираше за реизбор, навистина верував дека имам најголеми шанси да го победам. Но, исто така, не планирав да бидам претседател на 85 или 86 години“, рече Бајден.

По поразот на потпретседателката Камала Харис од Трамп, високи членови на Демократската партија, како што е поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјавија дека демократите можеби би имале подобри резултати на изборите доколку Бајден порано се повлечеше од трката.

реклама

Свет

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Read more

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Read more

Виктор Орбан прави сè да се спаси царините на Трамп

Read more

Лавров: Фашистите окупираат територии кои отсекогаш им припаѓале на Руската империја и на Советскиот Сојуз

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе