Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД за лицата кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа.

– Новиот претседател исто така ќе ги прошири овие забрани за луѓе кои неодамна биле во Јужна Африка поради информации за појава на нови, позаразни соеви на коронавирус во САД, изјави претставник на Белата куќа.

Одлуката на Бајден е дел од планот на новата администрација за борба против коронавирусот во САД, најсилно погодената земја во светот според бројот на случаи на инфекција (25,1 милиони) и бројот на смртни случаи – повеќе од 419.000.

Во петокот, Бајден процени дека бројот на смртни случаи од вирусот во САД треба да биде значително помал од 600.000.

Веќе во првите денови од преземањето на функцијата во средата, Бајден ги заостри мерките за носење маски и нареди карантин за луѓето кои доаѓаат во САД со авион.

Доналд Трамп во последните денови на власт објави дека ќе бидат укинати забраните за влез во САД за патници од поголемиот дел од Европа и Бразил, но администрацијата на Бајден соопшти дека веднаш ќе ја откаже наредбата, која требаше да стапи на сила на 26 јануари.

На 31 јануари 2020 година, Трамп ја објави првата забрана за влез на патници во земјата од Кина, со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Забраната беше проширена на европските земји на 14 март. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе