Бајден се повлече од трката за претседател на САД

Макфакс
/ 21.07.2024 / 21:46

Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата Х рече дека ќе остане во својата улога на претседател и врховен командант до крајот на неговиот мандат во јануари 2025 година и ќе ѝ се обрати на нацијата оваа недела.

„Тоа е во најдобар интерес на мојата партија и земјата”, рече тој.

Соопштението доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање и по неколкунеделниот силен притисок од страна на Демократската партија по слабите резултати во дебатата против републиканецот Доналд Трамп на крајот од јуни и неодамнешното појавување пред новинарите на крајот од самитот на НАТО.

Во објавaта на неговиот профил на социјалните мрежи, тој вели дека најголема чест во животот му било да служи како претседател.

„Иако мојата намера беше да побарам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и мојата земја да се тргнам и да се посветам единствено на исполнувањето на должностите на претседателот до крајот на мојот мандат”, рече Бајден.

Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата, првата Афроамериканка која го направила тоа во историјата на земјата. Бајден отворено ја поддржа Камала Харис како кандидат за демократите.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Свет

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Read more

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Read more

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Read more

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Read more
 

Вести

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Читај повеќе