Бајден со признавање на геноцидот врз Ерменците ќе ги наруши односите со Турција

Американскиот претседател Џо Бајден подготвен е официјално да ги признае убиствата на повеќе од милион Ерменци на почетокот од 20 век како геноцид, со што дополнително ќе се разгорат тензиите помеѓу Вашингтон и Анкара, пренесе СNN.

Неименувани претставници на американската администрација изјавија дека Бајден ќе даде изјава на 24 април по повод Денот на сеќавање на масовните убиства на Ерменците.

Иако поголем број историчари оценуваат дека Отоманската империја извршила геноцид врз Ерменците и припадниците на другите етнички и верски малцинства помеѓу 1915 и 1923 година, Турција тврди дека тоа било време на војна и оти имало  загуби на двете страни, како и дека убиени се околу 300.000 Ерменци.

Бајден во предизборната кампања вети дека, како претседател, „ќе ја поддржи резолуцијата со која се признава геноцидот врз Ерменците“. Слични ветувања даваа и претходните американски претседател, но не ги исполнија.Барак Обама и Доналд Трамп го избегнуваа терминот геноцид поради можниот гнев на Анкара.

Повеќе од 100 члена на Претставничкиот дом во средата потпишаа писмо до Бајден во кое го повикуваат да стане првиот американски претседател, кој официјално ги признал злосторствата од Првата светска војна како геноцид.

Претходно, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција не е загрижена за евентуалната одлука на Бајден и во истовреме дека тоа „ќе им наштети“ на односите меѓу двете земји.

Турција би можела да создаде неформални бариери за увоз од САД, рече Синан Улген, поранешен турски дипломат и претседател на тинк-тенк „Едам“ во Истанбул, нагласувајќи дека одговорот најверојатно ќе земе предвид дека многу турски граѓани го делат ставот на Владата за историјата .

Според аналитичарите Анкара би можела да реагира привлекувајќи го вниманието кон третманот на европските имигранти во однос на домородните Американци и, иако е помалку веројатно, да им забрани на САД да ја користат воздушната база Инџирлик.

Односите помеѓу САДС и Турција се влошени изминатите години поради одлуката на Анкара да го купи рускиот ракетен одбранбен систем С-400, како и поради прашањата за човековите и граѓанските права од претседателот Реџеп Тајип Ердоган и улогата на Турција во неколку регионални конфликти.

Бајден би можел да стане првиот американски претседател кој би го признал геноцидот врз Ерменците, иако Роналд Реган во 1981 година во писмената изјава за холокаустот укажа на геноцидот врз Ерменците.

Во 2019 година, Конгресот на САД со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција во Претставничкиот дом и Сенатот, нарекувајќи ги акциите од 1915 година геноцид. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе