Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде што партијата ќе ја поддржи неговата кандидатка Камала Харис како демократска кандидатка за претседателските избори во ноември.

Бајден се откажа од трката против републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп пред неколку недели по притисокот и загриженоста за неговото здравје и способноста да служи уште 4 години.
Вчера тој одржа говор на конвенцијата на демократите, а откако публиката му даде овации, Бајден пушти солза.
„Сите овие разговори за тоа колку сум лут на сите луѓе кои рекоа дека треба да се повлечам – тоа не е точно“, рече Бајден додека толпата извикуваше „те сакаме, Џо“. „Ја сакам мојата земја повеќе и мораме да ја зачуваме нашата демократија. Америка, те сакам“, додаде тој.
President Biden is wiping away tears even before his speech pic.twitter.com/g0OAOpaOtq
— Aaron Rupar (@atrupar) August 20, 2024