Бајден веднаш ќе потпише 17 извршни наредби со кои ќе се укинат уредби на Трамп

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира враќање на САД во Парискиот климатски договор и во Светската здравствена организација, изјавија соработници на новоизбраниот американски претседател.

Бајден ќе потпише 17 извршни наредби неколку часа откако ќе положи заклетва како американски претседател.

„Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против COVID-19 и економијата“, наведоа соработниците на Бајден.

Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција.

Тој исто така ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на COVID-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше.

Бајден „ќе преземе акција – не само за да ги поправи најголемите штети на администрацијата на Трамп – туку и да почне да ја движи нашата земја напред“, се вели во изјавата на соработниците. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе