Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Бактериите се неверојатно прилагодливи микроорганизми кои можат да напредуваат во различни средини, вклучително и вселената.

Истражувањето спроведено на Меѓународната вселенска станица (МВС) покажа дека таму се развиле опасни бактерии отпорни на антибиотици, кои не постојат на Земјата. Во новото истражување, научниците ја проучувале бактеријата Enterobacter bugandensis, која првпат била откриена на МВС во 2018 година.

Enterobacter била поврзувана со сериозни клинички инфекции во претходните студии. Предизвикува болнички инфекции со бактериемија, инфекции на долниот респираторен тракт, остеомиелитис, инфекција на уринарниот тракт и сепса. Се смета за опортунистички патоген, што значи дека ќе предизвика болест кај некоја личност само ако веќе има ослабен имунолошки систем или се бори со други болести.

МВС е екстремна средина

Како што наведуваат авторите на студијата, МВС е високо контролирана средина, но тоа не го спречува развојот на микроорганизми во неа, напротив.

„И покрај високо контролираната средина, карактеризирана со микрогравитација, зголемени нивоа на CO2 и поинтензивно сончево зрачење, микроорганизмите на МВС заземаат единствена ниша. Овие микробни жители играат значајна улога во влијанието врз здравјето и благосостојбата на астронаутите на бродот“, пишуваат авторите во воведот.

Некои неодамнешни студии покажаа дека микроорганизмите изложени на микрогравитација можат да стекнат отпорност на повеќе антибиотици и зголемена вирулентност, т.е. инфективност преку брзи мутации и хоризонтален трансфер на гени. Хоризонталниот трансфер е процес во кој многу различни бактерии разменуваат гени содржани во мали синџири, т.н плазмиди кои се одвоени од нивната наследна ДНК, што може значително да го забрза нивното стекнување на отпорност на антибиотици.

Астронаутите се кандидати за инфекција

Продолженото патување во вселената во микрогравитација може да го загрози имунолошкиот систем на астронаутот и да ја зголеми нивната подложност на болести.

Микробиолошката популација на МВС може потенцијално да влијае на микробиомите на астронаутите и да се обнови со доаѓањето на нови екипажи. Затоа, разбирањето на микробната колонизација, сукцесијата и интеракциите е од клучно значење за обезбедување на благосостојбата на астронаутите и управување со микробиолошките ризици во изолирани и ограничени човечки живеалишта, истакнуваат истражувачите во студијата.

Борбата против отпорноста на антибиотици

Отпорноста на бактериите на антибиотици стана глобален проблем во последниве години. Повеќе од 1,2 милиони луѓе ширум светот починале од инфекции отпорни на антибиотици само во 2019 година.

Откритијата како она претставено во новата студија помагаат да се разбере како бактериите еволуираат и се прилагодуваат во различни средини, вклучително и вселената.

„Нашата сеопфатна анализа фрли светлина не само на начините на кои овие интеракции ја обликуваат микробната разновидност, туку и на факторите кои би можеле да придонесат за потенцијалната доминација и сукцесија на E. bugandensis во средината на МВС. Импликациите од овие наоди се двојни. Прво, тие фрлија светлина врз однесувањето на микробите, адаптацијата и еволуцијата во екстремни, изолирани средини. Второ, тие ја истакнуваат потребата од силни превентивни мерки за да се обезбеди здравјето и безбедноста на астронаутите преку ублажување на ризиците поврзани со потенцијалните патогени закани“, заклучуваат авторите.а

реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Како да го прочистите воздухот во просториите во кои најчесто престојувате?

Read more

Карвахал по повредата се јави од Брза помош и ја потврди најлошата прогноза

Read more

5 најдобри пијалаци доколку сакате да имате рамен стомак

Read more

Наука

Монт Еверест секоја година е сè повисок

Read more

Новооткриена планета покажа како ќе изгледа Земјата за 8 милијарди години

Read more

Череп од диносаурус тежок 272 килограми откриен во Канада

Read more

Астрономите ја претставија најдеталната мапа на Млечниот Пат

Read more
 

Гик

Google воведува значка за потврда на резултатите од пребарувањето

Читај повеќе

Google работи на нова верзија на Android со кодно име „Баклава“

Читај повеќе

Како изгледа антибалистичката одбрана на Израел и каква е улогата на системот Железна купола?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како можете да ја набљудувате „кометата на годината“?

Читај повеќе

Факти за Марс - 8 работи што треба да ги знаете

Читај повеќе

Маск се изнервира, воведе нова забрана

Читај повеќе
  • filter

Caviar го претстави Huawei Mate XT Ultimate украсен во злато

Читај повеќе

Монт Еверест секоја година е сè повисок

Читај повеќе

Како работат сончевите панели? Сè што треба да знаете за почеток

Читај повеќе