Бактеријата салмонела може да се стави во туморот и да му овозможи на имунолошкиот систем да ги нападне клетките на ракот.
Научниците тврдат дека салмонелата, која е чест причинител на труење со храна, може да помогне во борбата против ракот.
Имунолошкиот систем честопати ги занемарува малигните клетки бидејќи не ги препознава како „туѓи тела“.
Затоа се работи на тоа да се инфилтрира бактеријата салмонела во туморите и да му се помогне на телото да ги „детектира“ клетките на ракот.
Научници во Јужна Кореја развија нова верзија на оваа бактерија и тестовите на животни беа повеќе од успешни – повеќе од половината од експерименталните глувци на овој начин биле излечени од рак на дебелото црево.
Профеор Џон Хенг Ри од Универзитетот Хвасун рече дека научниците сметаат дека ова е прессврт што помага да се развиваат клетки што ќе ги убиваат клетките на ракот. Ова е прв пат научниците да ја користат реакцијата на телото на салмонела во борба против ракот.