Вообичаената бактериска вагиноза е всушност сексуално пренослива болест која може да се ублажи и контролира со лекување и на машките сексуални партнери, открија истражувачите.

Бактериската вагиноза погодува речиси една третина од жените ширум светот и може да предизвика неплодност, предвремено породување и смрт на доенчето.
Заболувањето долго време се припишуваше на нерамнотежа во дистрибуцијата на здрави организми кои живеат во вагината, велат истражувачите во извештајот во The New England Journal of Medicine.
Повеќе од 50 проценти од жените имаат рекурентна бактериска вагиноза, која се јавува во рок од три месеци од типичен третман со орални антибиотици.
Во една студија, на 164 жени со повторливи инфекции кои биле во моногамни врски им биле дадени препорачани антибиотици. Нивните машки партнери примиле орален антибиотик и локален антибиотик или плацебо.
Истражувачите рано го прекинаа испитувањето кога стана јасно дека стапката на релапс е за 50 отсто помала кај групата која лекувала партнери, пренесува Reuters.
Тие велат дека нивните наоди се клучни за намалување на високата стапка на повторување на бактериската вагиноза.
„Оваа успешна интервенција е релативно евтина и краткотрајна и има потенцијал за прв пат да го подобри не само третманот на бактериска вагиноза кај жените, туку и да спречи инфекции и придружни сериозни компликации“, се вели во соопштението на водачот на студијата Катриона Бредшо од Универзитетот Монаш во Австралија.