Баку: Потписот на Путин е гаранција за мирот и непроменливоста на договорот за Нагорно-Карабах

Баку, 18 ноември 2020 (МИА) – Азербејџанското Министерство за надворешни работи денеска го посочи потписот на рускиот претседател Владимир Путин како гаранција за непроменливоста на договорот со Ерменија за мирот во Нагорно Карабах.

„Улогата на рускиот претседател и неговиот потпис во трилатералниот договор се многу важен придонес кон мирот и гаранција дека работите нема да се вратат на старо“, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи.

Во врска со интервјуто на Путин, во кое рускиот претседател зборуваше за крај на кризата, Министерството за надворешни работи рече дека „Баку ги почитува напорите на руската страна за постигнување договор во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан“.

“Русија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, земја со која се граничиме и со која имаме историски врски. Ова го објаснува директниот интерес на Русија за зајакнување на безбедноста и стабилноста на Јужен Кавказ”, сооошти Министерството за надворешни работи во Баку.

Во коментарот на азербејџанското МНР се наведува дека Баку целосно се согласува со ставот на Путин дека прекинот на крвопролевањето е многу важно достигнување во трилатералниот договор.

„Од почетокот на конфликтот, азербејџанската страна секогаш ги слушаше меѓународните апели за прекин на огнот“, се додава во коментарот.

Конфликтот заврши на 9 ноември со мировниот договор потпишан од Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинијан.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе