Луксузниот бренд Balenciaga на Модната недела во Париз ја претстави својата нова колекција за летото наредната година, но овој пат ја шокираше јавноста со сценографијата.

Сите се навикнавме на фенси ревиите каде во првите редови се сместени славни личности. Сепак, креативниот директор на Balenciaga, грузискиот моден дизајнер Демна Гвасалиа, ги одведе на малку поинакво место и тоа во кал среде бара.
„Шоуто се однесува на метафора која се базира на потрагата за вистината, како и тоа да се биде блиску до тлото“, објаснува Гвасалиа.
За изгледот на ваквата сценографија задолжен бил уметникот Сантјаго Сиера, а ревијата ја отвори раперот Канје Вест. Се нижеа модели кои чудно одеа, според многумина како зомби.
На ревијата преовладуваа ексцентрични креации, многу дуксери, јакни, светли бои како што се розева и црвена, и нормално - црна.