Бали: Мештаните бегаат од вулканот, туристите прават селфи за на Instagram

Додека на островот Бали му се заканува природна катастрофа и локалните жители стравуваат за својот живот и ги напуштаат домовите, туристите го преплавија Instagram со фотографии на кои позираат со вулканот во позадина кој би можело да експлодира во секој момент.

Вулканот Агунг повеќе од седум дена исфрла пепел и чад што создава несекојдневни драматични глетки над една од најпопуларните туристички дестинации во светот.

Повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од ризичното подрачје, а чадот и пепелта кај некои од жителите предизвикаа напади на астма, па завршија во болница.

Вулканската пепел предизвика и сообраќаен колапс, па некои летови беа откажани поради што многу туристи се најдоа „заробени“ на островот.

Оние кои одлучија да останат на тропскиот рајски остров ја искористија приликата за несекојдневни селфи фотки, а некои од нив на социјалните мрежи ова го опишуваат како настан што се случува „еднаш во животот“.

Instagram е преплавен од фотографии со вулканот во позадина, а на една две трудници во бикини позираат со маски на лицата. Други пијат кафе, медитираат, прават стој на раце...

Џил Пауерс од Австралија за „Daily Mail Australia“ изјави дека отпатувала за Бали специјално за да присуствува на ерупцијата.

„Звучи глупо, но ова е на списокот со работи што сакам да ги направам во животот, да видам активен вулкан. Ова ми се чини е единствената шанса да го доќивеам тоа“, вели таа.

Последниот пат кога еруптираше вулканот Агунг, во 1963 година, загинаа 1.100 луѓе.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе