Балканот и Источна Европа со најголема стапка на смртност од COVID-19

Во првите седум дена од април, земјите од Балканскиот Полуостров и од Источна Европа предничат на Стариот континент според смртноста како последица од вирусот.

Ако Бразил со смртна стапка од 13 луѓе на милион жители важеше за лош случај на глобално ниво, шест европски држави, сите далеку помали, го надминаа тој просек.

Од 1 до 7 април најлоша е ситуацијата во Унгарија каде стапката на смртност е 24,73, а веднаш зад неа е Босна и Херцеговина со 23,21.

На третото место сме токму ние, Северна Македонија со просек од 20,02 смртни случаи на 1 милион жители. Потоа следува Бугарија со 17,21.

Повисока смртност од Бразил имаат уште и Словачка со 13,71 и Црна Гора со 13,65.

Понатаму листата продолжува со земји од Источна Европа и тоа Чешка (12,11), Молдавија (10,91), Полска (10,03), Украина (8,89), Естонија (7,97) и Романија (7,06).

Првата земја од Западна Европа која следува на листата е Италија со 7,15 просек, а потоа повторно продолжуваат балканските држави Грција, Хрватска, Косово и Србија.

Најниска стапка на смртност во последните седум дена, и тоа под 5 на милион жители, има во Финска, Обединетото Кралство, Данска и Норвешка, а на Исланд не е забележан ниту еден смртен случај поврзан со вирусот. Во Исланд, всушност, не е забележан смртен случај уште од 31 декември.

Клик за поголема верзија
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе