Балканот зафатен од студен бран

Скопје, 4 јануари 2019 (МИА) – Од североисточнит дел на Европа на Балканот вчера пристигна студен бран кој ќе се задржи пет дена, а на социјалните мрежи се објавуваат фотографии од снег кој ноќеска паѓал во голем дел на регионот.

Во поголемиот дел на Бугарија денеска се очекува ветар со брзина и поголема од 30 метри во секунда, како и обилни врнежи снег.

Портокалов метео аларм е прогласен за областите Добрич, Варна, Бургас и Сливен, а во поголемиот дел од земјата се изадени предупредувања за обилни снежни врнежи и виулици.

Во планинските предели во Бугарија ќе има обилни врнежи снег.

Главната дирекција „Пожарна безбедност и заштита на населението“ соопшти дека е подготвена со привремени засолништа за бездомници и оти само во Софија 138 лица ноќта ја поминале во кризни центри.

Во Софија во текот на ноќта работеле 163 машини за чистење снег, а утрово во шест часот најфреквентните улици биле третирани со смеси против замрзнување.

Снег падна и во Грција, а на социјалните мрежи се објавени фотографии од летувалиштето Паралија покриено со снег.

Снег се прогнозира и за Солун и Атина каде поради студениот бран е отворено уште едно засолниште со греење за бездомници.

Студениот бран ќе донесе исклучително ниски температури во цела Грција.

И во поголемиот дел на Хрватска ноќеска се измерени минусни температури, а во Ријека утрово се измерени минус 1,2 степени Целзиусови. Во градот и околината синоќа паѓал и снег кој извесно време успеал да се задржи на некои површини.

Температурата во Хрватска денеска ќе биде малку пониска, но со послаб ветар. Силен ветар повторно ќе задува кон крајот на неделата. Хрватските метеоролози најавуваат дека викендов ќе биде малку помалку студено, а на почетокот од наредната недела повторно се зголемува веројатноста за минусни температури и покрај море и на копно. Во однос на снегот, засега се најавуваат слаби врнежи.

Во Босна денеска се очекува облачно време со слаби врнежи снег кои кон крајот на денов постепено ќе престануваат. Според метеоролозите, очекуваната висина на новата снежна покривка е од два до 10, а во планинските подрачја до 15 сантиметри.

И за Сараево се најавува облачно време со снег и максимална температура од минус два степени Целзиусови. Во текот на денот вренежите ќе слабеат и постепено ќе престанат.

И прогнозата за Србија за денеска е студено време со слаби врнежи од снег, воглавно во северниот, западниот и југозападниот дел на земјата со мало зголемување на висината на снежната покривка.

Следниот снежен бран во Србија од север ќе пристигне веќе утре попладне.

Во Црна Гора за денеска се прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди и студено во јужните и централните предели. Во северниот дел на земјата ќе биде претежно облачно и многу студено, со слаби врнежи од снег.

За ветарот се прогнозира дека ќе биде умерен до силен, а некаде и многу силен, а ќе дува од северен и североисточен правец. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе