Балкански рис се следи со GPS околувратник во „Јасен“

Македонско еколошко друштво (МЕД) во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќе наменското подрачје „Јасен“ на крајот на февруари со GPS околувратник обележа млад мажјак од загрозениот вид балкански рис.

Како што посочи Диме Меловски од МЕД, ова е првиот рис што ќе го следат надвор од Маврово и околината, како подрачје за кое досега имаат потврда дека се размножува рисот.

– За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време, но досега немавме среќа да поставиме GPS околувратник на рис. Се надеваме дека оваа единка ќе ни даде интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен, додаде Меловски.

Тој појасни дека рисот бил обележан од страна на тројца членови на тимот на МЕД со поддршка на еден ловочувар од „Јасен“ и двајца стажанти од Германија и Франција.

– Фаќањето на овој рис е дел од полусистематската сесија за фотозамки која покажа и присуство на уште една единка на рис, како и присуство на лисици, куни, јазовци, елени, срни, диви кози, диви мачки, волци и мечки, рече Меловски.

Активностите за воспоставување на мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од УНДП со поддршка на МЖСПП.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе