Фудбал

Балотели се врати во Италија, ќе игра за Бреша

19. август 2019 - 10:12 | Ф.З.

Проблематичниот Марио направи изненадувачки трансфер во новиот италијански прволигаш Бреша враќајќи се во градот кладе што порасна.

Марио Балотели стави потпис на договор со тимот нa Бреша обрзувајќи се да остане во наредните неколку години. Откако пропадна неговиот трансфер во блазилскиот Фраменгу, Балотели се реши да ја прифати понудата на клубот од градот каде што израсна одбивајќи ги Фиорентина и Парма.

Балотели е роден во Палермо, но од 1993 година како посвоен од фамилијата Балотели живееше во Бреша, иако никогаш не заигра за локалниот миленик туку менувал неколку помали локални клубови.

Коментирај