Банките со заинтересирани инвеститори бараат влез во „Фени“

Трите банки кредитори на „Фени“, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и банката „Силк роуд“, бараат од стечајниот управник непречен влез во фабриката заедно со заинтересирани инвеститори со кои се во преговори. Сакаат да направат увид во состојбите во фабриката, а за посетата преку писмо го известиле стечајниот управник.

„Во врска со претходната постапка поведена над имотот на должникот, друштвото „Фени индустри“ АД Кавадарци, со решение СТ бр. 111/2017 на Основниот суд Велес, ве инфомираме дека банките предлагачи на стечајната постапката стапија во преговори со заинтересирани инвеститори кои би се јавиле како санатори со цел да се продолжи работењето на должникот по отворање стечајна постапка. Со цел да не се врши непотребно одолжување на активностите, кумулирање на трошоците што банките ги авансираат за да се спречи настанување ненадоместлива штета со намалување на вредноста на имотот на должникот, како и рестартирање на работењето на должникот во најбрз можен рок, како на привремен стечаен управник определен со решение СТ бр. 111/2017 ви се обраќаме со цел без одлагање да ги обезбедите сите потребни услови за непречен увид во имотот на должникот на заинтересираните инвеститори“, стои во писмото што банките му го испратиле на стечајниот управник.

Посетата на „Фени“ е планирана во периодот од 22.11.2017 година до 29.11.2017 година.

Банките нагласуваат дека секое непостапување и одлагање на постапувањето по нивното барање нанесува штета во поглед на изнаоѓање санатори за брзо рестартирање на работењето на „Фени“ , што повлекува соодветна одговорност.

Новото рочиште за разгледување на можноста за отворање стечај за „Фени“ е закажано за 29 ноември во Основниот суд во Велес.

Банките кредитори на „Фени“ иницираа отворање стечај поради долг кон нив од 40 милиони евра и уште 20 милиони евра кон други доверители. Првото рочиште во понеделникот минатата недела беше одложено по барање на новиот директор на фабриката Рајчо Кацаров, кој во исто време е директор и на бугарски „Енекод“, заинтересиран да ја купи фабриката.

Тој побара изземање на судот во Велес за судењето да биде во некој скопски суд оти банките биле од Скопје, но Врховниот суд му го отфрли барањето и предметот повторно го врати во судот во Велес.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе