Барбадос ја прогласи Ријана за „национален херој“

Ријана е прогласена за национален херој на Барбадос, во време кога земјата ја слави својата транзиција кон независна република.

„Продолжи да сјаеш како дијамант“, рече премиерката на земјата, Миа Мотли, на церемонијата посветена на поп-пејачката, модна икона и претприемач, алудирајќи на стихови од нејзиниот хит „Diamonds“ од 2012 година.

Ријана е најпознатата граѓанка на Барбадос и во 2018 година беше назначена за официјален амбасадор за култура и млади. Таа никогаш не го смекна својот бајански акцент, а нејзината музика, иако има елементи на поп, аренби и денс музиката, останува поврзана со нејзиното карипско наследство.

Мотли рече дека суперѕвездата ја поттикна „фантазијата на светот преку потрагата по извонредност со нејзината креативност, нејзината дисциплина и пред сè друго, нејзината извонредна посветеност на земјата каде е родена“.

Таа додаде: „Во име на благодарната нација, но уште погордиот народ, ви ја претставуваме амбасадорката Робин Ријана Фенти, назначена за национален херој на Барбадос“.

Ријана (33) е родена во Сент Мајкл, а израсната во главниот град Бриџтаун. Таа стана славна откако американскиот продуцент Еван Роџерс ги препозна нејзините таленти. Нејзиниот сингл „Umbrella“ од 2007 година ја потврди како една од најголемите светски поп ѕвезди.

Покрај тоа што продолжи да прави музика, Ријана има многу успешна бизнис кариера со нејзината групација компании Fenty. Во август Forbes процени дека таа вреди 1,7 милијарди долари, од кои околу 1,4 милијарди долари потекнуваат од вредноста на нејзината козметичка компанија, Fenty Beauty, партнерство со францускиот моден гигант LVMH.

Ријана се придружува на избраната група од 10 други жители на Барбадос, вклучувајќи го Гарфилд Соберс, кој се смета за еден од најголемите играчи на крикет на сите времиња и единствениот друг жив национален херој.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе