Барбадос утре ќе стане најновата република во светот

МИА/КАЈГАНА
/ 28.11.2021 / 10:22

Барбадос се подготвува утревечер да ги прекине врските со британската монархија, но наследството од неговото понекогаш брутално колонијално минато и влијанието на пандемијата врз туризмот се големи предизвици за овој карипски остров, што станува најнова република во светот.

Бабрадос, островот познат по преубавите плажи и огромната љубов кон крикетот, следната недела ќе го замени шефот на државата, кралицата Елизабета Втора, со нејзиниот актуелен претставник, генералната гувернерка на островот Сандра Мејсон.

Церемониите, утре и во вторник, вклучуваат воени паради и прослави по повод претседателската инаугурација на Сандра Мејсон.

Почетокот на новата ера предизвика дебата меѓу населението од 285.000 луѓе за вековното британско влијание, вклучително и повеќе од 200 години ропство до 1834 година.

Барбадос својата конечна независност ја стекна во 1966 година.

URL

„Како девојка, кога ќе слушнев за кралицата, бев многу возбудена“, изјави Шерон Белами-Томпсон (50), продавачка на риби во главниот град Бриџтаун, која се сеќава дека имала околу осум години кога ја видела кралицата во посета.

„Како што растев, почнав да се прашувам што всушност значи оваа кралица за мене и за мојата земја. Немаше никаква смисла“, рече таа. „Ќе биде прекрасно да се има претседател на Барбадос.“

За младите активисти како што е Фирхаана Булбулија, основач на Муслиманското здружение на Барбадос, британскиот колонијализам и ропството се причина за современата нееднаквост на островот.

-Јазот во богатството, способноста да се поседува земјиште, па дури и пристапот до банкарски заеми, сите имаат многу врска со структурите изградени под британско владеење, вели 26-годишната Булбулија.

„Вистинските синџири (на ропството) се скршени и ние повеќе не ги носиме, но менталните синџири сè уште постојат во нашето размислување“, истакна таа.

Во октомври, Барбадос ја избра Мејсон за своја прва претседателка, една година откако премиерката Миа Мотли изјави дека земјата целосно ќе го напушти своето колонијално минато.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more

Израел синоќа силно ја бомбардираше Газа

Read more
 

Вести

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе