Македонскиот репрезентативец нема дилеми: фудбал на празни трибини, никако, ни со Македонија, ни со Леванте.
Во Интервју за локалниот валенсиски медиум Superdeporte македонскиот интернационалец проговори за прекинот на Ла Лига и за одложениот бараж за пласмана ЕУРО 2020 Македонија - Косово.
Најпрво, Барди беше запрашан дали му било страв да се врати во Македонија во време на пандемија.
„Мене тоа воопшто не ме плашеше. На крајот на краиштата се работеше за патување до Македонија и не верувам дека ќе имав проблем со тоа. Но, има неколкумина кои доаѓаат од Италија како Пандев, Елмас и Несторовски и за кои не се знаеше дали ќе добиеја право да играат, а тоа ќе беше голем удар за нас бидејќи тие тројца играчи се многу важни за нас. Или, пак, јас ќе фалев доколку ми забранеа да ја напуштам Шпанија, на пример“, вели Барди.
Доколку се играше баражот, ќе требаше да се игра пред празни трибини.
„Првиот натпревар беше во Скопје и ние сакавме да го играме со навивачи бидејќи тоа е многу важно. Тоа е историски натпревар и од спортска гледна точка е подобро да се игра со нашите навивачи бидејќи 20 и повеќе години чекаме Македонија да се квалификува на едно ЕУРО“.
Ла Лига се прекина токму кога Барди требаше со Леванте да го игра локалното дерби против Валенсија. Прашан дали требаше дербито да се игра без публика, нашиот фудбалер вели, едноставно, не.
„Во нашата професија, според мене, важно е да се игра пред публика, а доколку тоа не е можно, тогаш подобро да не се игра, бидејќи на крајот фудбалот се игра за да се израдува публиката. Сепак, здравјето е поважно од сѐ друго и ова е најдобриот начин за да се избегне да не му се случи ништо никому“.
Ла Лига, наводно, треба да продолжи во мај, додека важниот бараж е закажан за почетокот на јуни,